Нови ковид-протоколи за македонските граѓани за влез во Германија и Шпанија

0
176

Македонските граѓани кои ќе сакаат да влезат во Германија ќе мора да имаат сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија со важност од 9 месеци наместо досегашните 12 месеци, соопштија од Министерството за надворешни работи согласно препораките од Европската комисија.

Сертификатот за вакцинација со три дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност.

Од МНР посочуваат дека патниците при влез ќе треба да ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез.

– Во Шпанија, според новите правила, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од надлежните органи на Република Северна Македонија, доколку се поминати 14 дена од датумот на прием на втората вакцина и доколку не поминале повеќе од 270 дена од датумот на прием на втората вакцина. По истекот на рокот од 270 дена, сертификатот за имунизација издаден од надлежниот орган на земјата на потекло мора да содржи доказ за прием на трета (бустер) вакцина, се наведува во соопштението.

Шпанските власти соопштуваат дека влез со ПЦР или НААТ тестови ќе биде дозволен само за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија. Сертификатите за имунизација со две вакцини кои не се признаени од СЗО и ЕМА ќе се прифаќаат само ако третата примена вакцина е признаена од страна СЗО и ЕМА.