Спасија Динковски е родена во Велика Британија од родители Македонци и за англиските медиуми вели дека е потешко отколку што се мисли да се биде и едното и другото. „ Јас сум балканска-Британка, нешто што штотуку почнав да го кажувам минатата година, а причината зошто ми требаше толку долго да се решам за тоа е затоа што е прилично исцрпувачки секогаш да се дебатира. Со нешто толку ранливо како што е културниот идентитет, секогаш се преиспитувате себеси и вашите чувства кога другите луѓе се обидуваат да ве дефинираат или сте помалку од ова или повеќе од тоа. Тешко е да се одговори на тоа прашање кога некој ќе ве праша од каде сте, кога во мојот случај, не сте сигурни како ќе реагираат. Ова се сведува на политички прашања и на земја која има свој идентитет кој е отворен за дискусија или обид да се оправда, но јас учам како да бидам навистина горда на двете….Јас сум малку од двете и сакам да го прославам тоа. За мене е тоа моќно затоа што е потешко отколку што мислите да се биде и двете, премногу Британка за Македонија, премногу Македонка за да бидам Британка, наоѓам сила во тоа што стојам во својата сопствена средина“, вели Спасија во интервју за mothertonguetv.com.
Целиот текст прочитајте го тука