Почеток на уште една возбудлива учебна година во саботното македонско училиште во Килор Даунс, при Викториското Училиште за Јазици со продуктивна работилница. Професионалниот наставнички колегиум е подготвен за претстојните предизвици со нови пристапи кон наставата, нови планови и нови материјали.
Запишете ги вашите деца и внучиња да го изучуваат нашиот прекрасен македонски јазик, кој ќе им овозможи да го зачуваат нивното потекло и корени а најважно од се, нивниот македонски идентитет. Денес, кога нашиот јазик и идентитет се ставени пред многу предизвици и опасност, наша морална задача и аманет е да го продолжиме делото на нашите предци кои се бореле да го основаат, сочуваат и пренесат ова богатство на следните генерации.
За запишување посетете ја веб страната на Викториското Училиште за Јазици www.vsl.vic.edu.au Учете македонски, борете се за македонскиот идентитет! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Весна Дамчевска