МКД „Даме Груев“ од Стокхолм запишува нови членови

0
338
ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ ИЛИ ОБНОВЕТЕ ГО ВАШЕТО ЧЛЕНСТВО!
Управниот Одбор им се заблагодарува на сите членови и пријатели на здружението за големата поддршка и разбирање за нашето (не)работење во изминатата тешка и мачна година, година исполнета со забрани и рестрикции. Се надеваме дека во годинава што е пред нас ќе бидеме ослободени од сите овие препреки во нашето работење, каде актери во тоа работење ќе бидеме ние, членовите на здружението. Член на здружението се постанува со плаќање на одредената годишна членарина. Очекуваме оваа година да бидеме по многу бројни од порано, сите вие сте потребни и значајни за здружението! Заедно сме посилни!
Време е за обновување на членството со плаќање на одредената членарина:
100 кр за самци, пензионери и младинци до 18 год
150 кр за цело семејство на следниве сметки
Swish 1231650555
Plusgiro 61 48 53-0
Наведете ги имињата на членовите, посебно оние кои плаќаат за цело семејство!
Зачленувањето пријавете го на нашата ВЕБ-страница, www.damegruev.org во рубриката: “Сакате да станете член и да помогнете во реализирање на нашата цел?„
Со почит
Управен Одбор