Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите Американски Држави.
Она што е интересно, е дека во образложението на резолуцијата е дадена цела историографија на придонесот на македонската заедница за САД и печатот што таа го оставила во оваа држава поради што треба да се слават нивниот јазик, култура и постигнувања. Притоа има многу факти кои ја прават појасна за нас сликата за нашите иселеници во САД, вклучувајќи го и тоа дека тие бројат околу 500.000 и дека првиот Македонец таму стапнал – околу 1492 година.
„Во моментов македонската заедница во САД е енергична заедница која е вградена во американскиот мозаик, учествувајќи во сите сфери на животот, бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот ангажман, владата, војската, образованието, уметноста, кулинарството, атлетиката и многу повеќе.