СТРАТЕШКИ  ПЛАН НА АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО 2022-2026 

0
471

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

СТРАТЕШКИ  ПЛАН НА АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО 2022-2026 

Скопје,  2021

  • ВОВЕД

Стратешкиот план на Агенцијата за иселеништво е среднорочен план на активности за периодот 2022-2026 година, кои претставуваат основа за дефинирање и реализација на општите и конкретни цели  на Агенцијата, во  согласност со Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2022 година донесена на Шеесет и осмата седница на Владата, одржана  на 27.04.2021одина.

Во согласност со интегралниот систем на планирање и буџетирање, овој Стратешки план е придружен документ на буџетската пресметка на Агенцијата за иселеништво за 2022 година, во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите од 28.12.2012 год.

Во Стратешкиот план за 2022-2026 година на Агенцијата за иселеништво се содржани целите и задачите на организациските единици и на Агенцијата во целина, активностите за остварување на тие цели, како и ефектите и резултатите на истите.

Преку реализирање на активностите од Стратешкиот план, Агенцијата  за иселеништво треба да одговори на обврските што произлегуваат од нејзините надлежности утврдени со Законот за организација и работа на органите на државната управа, Програмата на Владата на Република Северна Македонија и Заклучоците на Владата на Република Северна Македонија.

  • АНАЛИЗА НА СОСТОЈБИ

Имајќи ги во предвид приоритетите и целите на Владата на Република Северна Македонија, се поголемиот број на иселени лица,  трендот на одлив на млади кадри, односот и политиките на земјите примачи кон нив,  како и нивните потреби и очекувања од матичната држава, Агенцијата за иселеништво има за цел да обезбеди креирање на соодветни политики за одржување на врските на иселениците со Република Северна Македонија, преку програмски активности, кои се реализираат во Републиката и надвор од неа каде иселениците живеат и работат. За реализирање на основната цел користи современи техники и алатки за побрз проток на информации,  а во корист и на иселениците како крајни корисници и Република Северна Македонија како матична држава со огромен прилив на дознаки токму од оваа категорија на граѓани.

Сите активности на Агенцијата за иселеништво како независен орган,  се во согласност со пропишаните надлежности член 31.во Законот за организација и работа на органите на државната управа.

1.2.1 Историски развој

Со Законот за органите на државната управа (Сл. весник 63/ 30.12.1998 година )со указ е донесено, надлежностите и работата на Матицата на исеници да преминат во Министерство за иселеништвон кое ќе ги враши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија, помагањето на нивниот културен развој и унапредувањето на  врските со нив и нивните организации; запознавањето на иселениците од Македонија со состојбите во земјата; создавањето на  услови за враќање на иселениците во Македонија ; создавањето на  услови за вклучување на иселениците во јавниот и економскиот  живот на Македонија и врши други работи определени со закон.

Во 2000 година, со Законот за организација и работа на органите на државната управа (Сл.весник 58/2000 година) се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа се укинува Министерството за иселеништво,а работата од неговата надлежност преминуваат во надлежност на Агенција за иселеништво како самостоен орган на државна управа од законот која одговара пред Владата на Република Македонија. Во член 31 од законот се дадени надлежностите на Агенцијата:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија; помагање на нивниот културен развој и унапредување на врските со нив и нивните организации; запознавање на иселениците од Македонија со состобата во Република Македонија; создавањето услови за враќање на иселениците во Република Македонија; создавање услови за вклучување на иселениците во јавниот и економски живот на Република Македонија и врши и други работи утврдени со закон.

На втората седница на Владата , одржана на 05.09.2006 година донесен е Заклучок, со кој Агенцијата за иселеништво ја задолжи своето натамошно дејствување да го насочи на контакти во земјата со припадници на македонската дијаспора, а преку развивање на системска мрежа со единиците на централната власт, како и локалните власи и посебно заедницата на единицата на локалната самоуправа да се транспортира како центар преку кој македонската дијаспора би добила квалитетна стручно –техничка помош во процесот на инвестирање во стопанските капацитети на Република Македонија и посебно на планот на извоз на македонски производи во земјите каде се иселени.

1.2.2 Анализа на правна рамка

Со Законот за организација и работа на органите на државната управа Сл.весник 58/2000 година , член 31, се утврдени надлежносте и работата на Агенцијата за иселеништво.

1.2.3 Анализа на состојбите во областа на делувањето и услугите кои се извршуваат

Агенцијата за иселеништво има комплексна област на делување и тоа:

Поддршка на правата и положбата на иселениците, културен развој, образование, информирање на иселениците, остварување комуникација и можности за враќање и нивна интеграција не само во државата примач туку и во матичната држава. Агенцијата не е надлежна да се грижи само за граѓаните на Република Северна Македонија, туку за секој оној кој има потекло од Македонија или е иселен од овие простори, без разлика дали некогаш имал или не македонско државјанство. Исто така во надлежност на Агенцијата се и иселеници од македонско потекло кои потекнуваат од местата кои се надвор од границите на Република Северна Македонија.

Во надлежност на Агенцијата за иселеништво се и втора, трета или четврта генерација македонци кои живеат во странство и кои никогаш не се стекнале со македонско државјанство.

Македонското малцинство од соседните држави не е во надлежност на Агенцијата за иселеништво, бидејќи истото е автохтоно население и е во надлежност на Министерството за надворешни работи. Исклучок овде се Македонците кои живеат и работат во Република Србија.

Со оглед на тоа дека иселениците претежно се групираат во организирани форми од различна природа, проектните активности на Агенцијата за иселеништво претежно се насочени кон иселеничките организации.

Надлежноста за поддршка на правата и положбата на иселениците, АИ ја остварува преку:

-Поттикнување на иселениците да се стекнат со македонско државјанство

-Информирање околу можноста за вклучување во секојдневниот политички и економски живот во државата

-Прибирање на податоци за проблемите и потребите со кои се среќават иселениците во средините каде што живеат

-Следење на политиките на државите примачи кон емигрантите

-Информирање со условите за инвестирање и пренесување на бизниси во Република Северна Македонија

Надлежноста за културен развој на иселениците се остварува преку -проекти кои го зацврстуваат идентитетот, посебно во делот кај учење и негување на мајчиниот јазик

-поддршка на активности поврзани со творење на литературни дела на мајчин јазик

-поддршка на културни манифестации на кои се промовира Република Северна Македонија

-поддршка на училиштата по мајчин јазик ширум светот

Унапредувањето на врските со иселениците се врши со помош на современите технички алатки, преку он лине апликации, платформи, интернет страна, фб профили, креирање на бази од електронски адреси на иселеници и организации, што овозможува брз и лесен проток на информации на иселениците со матичната држава и обратно.

1.2.4 Расположива инфраструктура

Агенцијата за иселеништво просториите во кој е сместена се под закуп. Канцеларискиот мебел и ИТ опремата е во сопственост на Агенцијата за иселеништво.

Располага со две возила доделени од Влада на Република Северна Македонија. Располага со сопствена опрема од, ком Материјални ресурски кои Агенцијата ги има на располагање во рамки на своите внатрешни организациони единици се: опремени канцелариски простории  на еден спрат под закуп  во зграда,  телефонски линии, IT опрема со интрнет врска и две  моторни возила во возна состојба.

1.2.5 Финансиски ресурси

Проектните активности согласно надлежностите на Агенцијата за иселеништво наменети за потребите на иселениците  се финансираат од Буџетот на Република Северна Македонија, преку

-Редовна буџетска сметка и

-Сметка од самофинансирачки активности

Бидејќи трендот на иселување расте, потребата од прошрување на проектните активности се зголемува, а со тоа Агенцијата има потреба од зголемување на буџетските средсатва.

1.2.6.Човечки ресурси

Со Правилникот за систематизација на работните места се утврдува вкупниот број на административни службеници, распоредот и описот на работните места по организационите единици потребни за вршење на работите од надлежност на Агенцијата за иселеништво.

Со Агенцијата за иселеништво раководи Директор и заменик на Директорот кои се избрани и именувани функционери на Владата на Република С.Македонија.

Агенцијата располага со 17 –административни службеници, распоредени во 2 (два) сектора и 5 (пет) одделенија:

1- Сектор за правни, економски работи и реинтеграција на иселениците од Македонија,

1.1-Одделение за правни работи

1.2-Одделение за економски работи и реинтеграција на иселениците

2- Сектор за оддржување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој  на иселениците

2.1-Одделение за комуникација и  информирање

2.2.-Одделение за културен развој на иселеништвото

Како посебни одделенија се:

  1. -Одделение за финансиски прашања

И покрај тоа што бројот на вработени е мал и недоволен да одговори квалитетно на барањата на иселениците, Агенцијата за иселеништво става посебен акцент на достигнување на посаканата ефикасност во управување и раководење, стратешко планирање и делување, стекнување на доверба и почит кај иселениците како главна засегната страна.  Од стручни лица потребно е зајакнување на IT капацитетите, а во Правниот сектор се потребни повеќе правници.

1.2.7 Соработка со други институции

Агенцијата за иселеништво е самостоен орган кој одговара директно пред Владата на Република Северна Македонија.

При реализација на своите програми, соработува со повеќе институции и други органи и тоа:

Министерство за надворешни работи

Министерство за образование и наука

Министерство за економија

ЗЕЛС

Локалните  самоуправи ширум Републиката

Агенција за поддршка и промоција на туризмот

Министерство за култура

Министерство за информатичко општество и администрација

Фонд за пензиско и здравствено осигурување

Дипломатско- конзуларни претставништва на РСМ во светот

Невладин сектор

1.2.8 СВОТ АНАЛИЗА

ПРЕДНОСТИ

Агенцијата за иселеништво е самостоен орган со својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со закон.

Донесена е Национална Стратегија за соработка со дијаспората во 2019 г.

Согласно Акцискиот план на Националната стратегија за соработка со дијаспората, Агенцијата за иселеништво ги реализира сите активности каде се појавува како носител на истите.

За својата работа праќа извештај до Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, до Владата и по потреба до Министерството за надворешни работи.

Има дефинирана визија и мисија

Идентификувани ризици во работењето и активно управување со нив заради унапредување на целокупната функционалност.

Задоволителна пополнетост на работните места со извршители

Добра комуникација и соработка помеѓу вработените

Добро воспоставена мрежа со иселеничките организации и иселеници индивидуалци

Воспоставена мрежа и соработка со сродни институции

Поседување на сопствена интернет страна богата со информации за потребите на иселениците како најважни корисници

Обезбедени соодветни услови за работа на вработените

 

 

 

СЛАБОСТИ

Пред се потребно е зголемување на буџетот  за квалитетно   извршување на активностите во рамки на надлежностите.

Покрај тоа што Агенцијата за иселеништво  има утврдена законска надлежност во Законот за организација и работа во органите на Државната управа(општа надлежност), пожелно е донесување на специјален Закон, кој ќе регулира прашања поврзани со дијаспората.

Воедно, со растот на бројот на иселени лица и нивни потреби од повеќе сектори во државата, се наметнува потребата од формирање на Министерство за дијаспора, кое ќе ја третира дијаспората во целост.

Потребно е вклучување на дијаспората како посебна проблематика во Стратешките приоритети и цели на Владата на Република Северна Македонија, за да може  Агенцијата за иселеништво да се повика и да ги спои своите активности со истите.

И покрај тоа што е донесена Националната стратегија за соработка со дијаспората, многу активности предвидени во Акцискиот план каде носители се други органи, не се реализирани.

Има обезбедено услови и простории за работа но истите не се сопствени и се под наем, за што се одвојува голем дел од Буџетот. Доколку Владата ја обезбеди Агенцијата со простории, ќе има повеќе финансиски средства за поддршка на иселениците

Вработените многу малку се вклучени во обуките. Потребен е зголемен интерес и почеста комуникација со организаторите на обуките.

Многу институции од кои зависат решавања на бројни прашања на дијаспората, немаат интерес и слух за соработка.

 

 

МОЖНОСТИ

Активности за зголемување на буџетот на Агенцијата со цел јакнење на административните капацитети, подобрување на материјално технички услови, како и реализација на активности и проекти кои захтеваат повисоки финансиски средства.

Созадавање на законски основ со кој ќе се утврдат надлежностите на Агенцијата за иселеништво

Почести генерички и други обуки и мотивација на вработените за постојано стручно усовршување

Обезбедување сопствени простории како би се избегнал трошокот за наем кој повлекува голем дел од буџетот на Агенцијата

Зајакнување наодносите со другите сродни институции за полесно решавање на проблемите на иселениците

Зајакнување на односите со иселеничките организации и подигање на соработката на повисоко ниво

Работење на препознатливоста и промоцијата на Агенцијата за иселеништво во иселеништвото

Поголема информираност на иселениците за надлежностите и работата на Агенцијата за иселеништво

 

ЗАКАНИ

Недоволно одобрени или неодобрени финансиски средства потребни за спроведување на планираните активности поврзани со надлежностите на Агенцијата а во полза на иселеништвото

Затварање на границите поради Ковид19 и прекинување на континуитетот на комуникација и соработка со иселениците и иселеничките организации

Продолжување на состојбата со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19 и неизвесност во однос на тоа дали ќе се одржат планираните проектни активности за кои се доделени финансиски средства од Буџетот.

Недоволен број на обучени административни службеници заради нереализирани генерички обуки од страна на надлежното министерство

Недостаток на правен кадар во правниот сектор и недостаток на IT одделение и стручни кадри во истото

 

 

 

 

 

1.2.9Анализа на заинтересирани страни  (Стакехолдерс)

Заинтересирани страни                  Интерес за АИ       Влијание на АИ

Иселеници                                             Голем                         Големо

Иселенички организации                      Голем                         Големо

Верски заедници                                    Голем                         Големо

Културни установи                                Голем                         Големо

Меѓународни институции                     Голем                          Големо

Локални самоуправи                            Среден                         Средно

Медиуми                                               Среден                         Средно

1.2.10 Идентификација на ризици

Поради необезбедени буџетски средства за планираните активности, се откажуваат многу проекти кои наменети за потребите на иселениците, поради што се губи довербата и воспоставената комуникација.

Исто така поради нереализирани склучени договори во постапки за јавни набавки за кои се обезбедени финансиски средства, остануваат нереализирани проекти и неискористени средства наменети за предметните проекти.

Поради неефикасност на Македонски пошти големи количини на пратки за потребите на иселеничките здруженија, се губат и не стигнуваат до одредишното место, што претставува голем трошок за Агенцијата за иселеништво и нереализација на проектите на самите организации.

Поради пандемијата со Ковид 19 многу проектни активности се откажаа, поради што останаа неискористени финансиски средства, се откажаа и активности во дијаспората. Поради затварање на границите оневозможена е посета на иселеничките организации во државите каде живеат и работат, поради што се појавува ризик од губење на континуитет во соработка.

 

МИСИЈА

Агенцијата за иселеништво е орган на државната управа, чија основна цел е поттикнување, помагање и одржување на националниот идентитет кај иселениците, преку негување на мајчиниот јазик и култура на иселениците во средините каде живеат, како  интеграција во општествениот живот на Република Северна Македонија преку нивно вклучување во јавниот и економскиот живот.

 

1.4. ВИЗИЈА

Зачуван национален идентитет и интегрираност на иселениците, во општествениот живот, економскиот и културен живот во Република С. Македонија и продлабочување на комуникацијата на иселениците со матичната земја.

 

1.5 ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ

Задачите и обврските на Агенцијата за иселеништво се утврдени во Законот за организација и работа на органите на државната управа и тие се во функција на:

– унапредување на положбата и правата на иселениците;

-поттикнување на културниот развој на иселениците,

-информирање на иселениците со состојбата во РепубликаС.Македонија и унапредување на врските со нив и нивните организации,

-создавање услови за реинтеграција на иселениците и нивно вклучување во јавниот и економскиот живот во Република С.Македонија,

-остварување контакти во земјата со припадници на македонските иселеници преку одржување на системска мрежа со единиците на централната власт, локалните власти и заедницата на единиците на локалната самоуправа и давање стручно техничка помош на иселениците во процесот на инвестирање во  Република С. Македонија.

1.6. СПЕЦИФИЧНОСТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

 

Агенцијата за иселеништво е самостоен орган на државната управа кој има  исклучива законска надлежност – грижа за положбата, правата и интересите на  иселениците, без разлика дали се или не  државјани на Република С. Македонија и  на нивната етничка припадност.

1.7. СТРУКТУРА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

 

Со Правилникот за систематизација на работните места се утврдува вкупниот број на административни распоредот и описот на работните места по организационите единици потребни за вршење на работите од надлежност на Агенцијата за иселеништво.

Со Агенцијата за иселеништво раководи Директор и заменик на Директорот кои се избрани и именувани функционери на Владата на Република С.Македонија.

 

Организациски единици во Агенцијата за иселеништво се:

1- Сектор за правни, економски работи и реинтеграција на иселениците од Македонија,

1.1-Одделение за правни работи

1.2-Одделение за економски работи и реинтеграција на иселениците

2- Сектор за оддржување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој  на иселениците

2.1-Одделение за комуникација и  информирање

2.2.-Одделение за културен развој на иселеништвото

Како посебни одделенија се:

  1. Одделение за финансиски прашања и

 

1.8. ОДНОСИ СО ОРГАНИ ВО СОСТАВ

Агенцијата за иселеништво согласно Законот за организацијаи работа на државна управа е самостојна институција и нема органи во состав

 

1.9. ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Стратешки приоритети на Агенцијата за иселеништво се:

* 1 Културен развој на иселениците

Во функција на наведениот приоритет се развиваат следните цели:

  • – Зајакнување на квалитетот на наставата по мајчин јазик во иселеништвото
  • –Зголемен интерес за учење на мајчин јазик во иселеништвото од страна на децата на иселениците
  • – Поттикнување за Творење на мајчин јазик
  • –Зголемен интерес за татковината и промоција на македонската култура во иселеништво

 

*2 Права и положба на иселениците

Во функција на наведениот приоритет се развиваат следните цели:

2.1 –Унапредување на врските со иселениците и  развиена комуникација

2.2 – Зголемена база на податоци за иселеници и нивно мапирање

*3 Интегрирање на иселениите

3.1-Зголемена информираност на иселениците

3.2- Да се засили мотивираноста за враќање и инвестирање во Република Северна Македонија

 

1.10.ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА  ПРЕТХОДНАТА 2020 ГОДИНА

Преку програмата, -Унапредување на врските со иселеништвото, Агенцијата за иселеништги во 2020 година ги реализираше следните проектни активности утврдени во Стратешкиот план и Годишната програма за работа преку следните реализирани

активности

-Во 2020 година и покрај подготовките за одржување на Летната школа по мајчин јазик и Кампот за Млади и спорт која традиционално се одржува секоја година во месец јули во Охрид поради пандемијата со Ковид 19 немаше можност да бидат одржани во физичко присуство. Реализацијата на преземените активности за Летната школа и Кампот за спорт и млади се спроведе преку он-лајн и платформата зоом, во периодот од 27-31 јули 2020година. Учество земаа 45 деца, ученици.

-Се изработи и испечати учебно помагало граматика на македонскиот и албанскиот јазик наменети за одржување на настава во дијаспората.

-На Струшки вечери на поезија  традиционално беше доделена наградата,,Стојан Христов,, за најдобра книга поезија напишана од иселеник.

-Се изработи  Апликација за учење на мајчин јазик –Учиме со Ристина и Шарко на македонски и албански јазик достапни на ios и gle play со цел најмладата популација од иселеници преку модерна технологија да го изучуваат мајчиниот јазик.

-Во почетокот 2020 година се направи посета на иселеничките организации во Република Словенија.

 

1.11.ОСВРТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА  ПРОГРАМИТЕ ВО ТЕК -2021 ГОДИНА

Агенцијата за иселеништги во 2021 година преку програмата ,-Унапредување на врските со иселеништвото, ги реализираше следните проектни активности утврдени во Стратешкиот план и Годишната програма за работа.

Културен развој на иселениците

-Поради пандемијата со Ковид 19 и препораките од Владата на Република Северна Македонија, Летната школа по мајчин јазик која традиционално се одржуваше секоја година во Охрид и на неа присуствуваа голем број на деца на иселеници од Македонија, оваа година како и претходната 2020 година наставата не можеше биде одржана. Уште на почетокот на годината почна да се организира виртуелна он-лајн настава по мајчин јазик во текот на целата учебна година  на македонски и албански јазик. Начинот на изведување на наставата беше прифатен од децата при што учество земаа 80 ученици во текот на целата година . Наставата започна да се изведува од месец март до јуни и ќе продолжи да се изведува во септември до декември. Овој вид на настава овозможи да земат учество деца кои имаат желба од учење на мајчин јазик и во земјите каде Министерството за образование и наука нема организирана настава по мајчин јазик.

-Во тек е одржување на виртуелна обука на наставници на која се промовира наставната програма на Бирото за развој на образованието за дополнителна настава во иселеништвото.

– Со цел да бидат мотивирани иселениците за творење на мајчин јазик се печатеа  книги на иселеници. На 23 јуни во Скопје се одржа промоција на книга на иселеник.

– Набавка накниги, лектири и учебни помагала по македонски и албански за училиштата во дијаспората.

-На манифестацијата Струшки вечери на поезија што се одржува секоја година во Сруга беше доделена наградата -Стојан Христов, за најдобра книга поезија.

Права и положба на иселениците

-Преку поддршка на активностите на иселениците во средините каде живеат и на иселенички настани во Република Северна Македонија, Агенцијата учествуваше во одржувањето на културните иселенички манифестации во Љубојно и Рашче во Република Северна Македонија .

-Агенцијата за иселеништво поради состојбата со пандемијата Ковид 19 , не ги направени предвидените и потребни директни средби со иселениците. Сите средби се реализираат преку зум и тимс платформа.

На 22 јуни 2021 година во соработка со Државниот завод за статистика со иселениците од Европа се одржа Конференција – Пописот во дијаспората., каде беа запознаени иселениците со начинот на изведување на пописот.

Конференцијата со тема Пописот во дијаспората, на 23 и 24 август се одржа он –лајн и со иселениците во Австралија и САД.

На 7 јули 2021 година се одржа он –лајн Конференција со Иницијативниот одбор од Штудгард, Германија во врска со подобрување на услугите од страна на козуларните претставништва во Германија.

Интегрирање на иселениците

Во текот на целиот период од почетокот на годината Агенцијата за иселеништво оствари посети на општини и средби со градоначалниците на општините со цел прибирање на информации за потенцијалните ресурси и стопански гранки како можност за инвестирање во нив од страна на нашите иселеници.

1.12 ЕВАЛУАЦИЈА

-Согласно Програмата за работа предвидена за  2019г. не се реализира Апликацијата за учење на мајчин јазик, поради несериозност и ненавремено завршување на задачата од страна на Компанијата Алфа Солуци, која беше избрана за изготвување на овој голем проект во висина од 20 000 евра. Ова се одрази негативно на успехот на прогарамата, Културен развој на иселениците, бидејќи целта на Апликацијата беше учењето на мајчиниот јазик да биде достапно и прифатливо од  секое дете во иселеништвото. Исто имаше и финансиски реперкусии поради што имаше пренамена на средствата.

-Поради непрофесионалиот пристап од страна на раковоството на  Македонска пошта и превисоките цени за испраќање на материјали, голем дел од учебни помагала и рекламен материјал не доспеаа до местата каде беа наменети. Ова се одрази негативно на довербата и очекувањето од страна на иселениците и голем дел ученици од прекуокеанските држави останаа без материјали.

-Поради пандемијата со Ковид 19, оваа година немаше можност да се одржат Летната школа по мајчин јазик и Кампот за спорт и млади, поради што мораше да се одржат виртуелно, така, од 27-31 јули 2020г. се реализира on line „Летната школа“ на којаучествуваа 45 ученици од иселеништвото. Интересот беше толку голем, што ваков тип на настава по мајчин јазик АИ реши да вклучи во Програма за работа за 2021.

-Поради неодобрување на буџетски средствa за програмата „Посети ја татковината“ истата не беше реализирана, ова доведе до голема разочараност бидејќи интересот за организирана посета на татковината од страна на иселениците беше доста голем.

-Од март 2020 г.поради пандемијата со Ковид 19 не се планираа и остваруваа службени патувања во странство и истото се очекува да се  одрази негативно  врз континуитет на одржување на врските со иселениците.

-Не се одржаа и планираните културни иселенички манифестации и во Република Северна Македонија и во странство каде живеат и работат иселениците.

-Откажувањето на проектите имаше негативно влијание врз континуитетот на одржување на врските со иселениците, но се појави зголемен интерес за настава од далечина во иднина.

 

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА
за активностите на Агенцијата за иселеништво за 2022 година

 

Приоритетите и целите на Агенцијата за иселеништво се насочени кон една единствена програма „Унапредување на врските со иселеништвото“ реализирана преку

  1. Културен развој на иселениците

-Летна Школа по мајчин јазик во Охрид

-Виртуелна настава по мајчин јазик во текот на цела учебна година, со цел поттикнување за учење на мајчиниот јазик преку далечина, наменета за децата на иселениците

-Доделување награда ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестација Струшки вечери на поезијата

-Камп за спрт и млади во Струга

-Ликовна колонија

  1. Права и положба на иселениците

– Посети на иселенички организации

-Поддршка на активности  во средините каде што живеат иселениците (изложби, концерти, литературни настапи и иселенички средби

  1. Интегрирање на иселениците

Истражување на економските потенцијали за инвестирање по општини на терен  и преку on line состаноци

-Конкретните активности на Агенцијата за иселеништво поделени помеѓу организационите единици се прикажани во оваа посебна Програма за работа.

-Изготвување на прирачник со информации од економски или правен карактер

 

2. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
2.1.      Оправданост и дизајн на Програмата „УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВРСКИТЕ СО ИСЕЛЕНИШТВОТО“
Образложение: Програмата УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВРСКИТЕ СО ИСЕЛЕНИШТВОТО произлегува од

*Стратешките  приоритети на Владата на Р.С. Македонија  содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2022 година    донесена нашеесет и седмата седница на Владата, одржана на 27 април 2021 година.

–   Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните

–          Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, развој и унапредување на културата и спортот

 

* Приоритетните цели  содржани во Одлуката за стратешки приоритети за 2022 година донесена на шеесет и седмата седница на Владата, одржана на 27 април 2021 година.

–   Континуиран ангажман околу дијаспората, одржување средби со користење на средствата за електронска комуникација и разговори од информативен карактер преку кои би биле редовно запознаени за нашите активности и планови за економски развој

–   Унапредување, промоција и заштита на културното творештво, културното наследство, идентитет и културните дејности на европско ниво.

–    Стимулирање на креативниот уметнички потенцијал на сите граѓани на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка, верска, идеолошка, политичка,социјална, родова и старосна припадност.

   2.2. НПАА  Не содржи обврски кои произлегуваат од НПАА
2.3.Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :

* 1 Kултурен развој на иселениците

Во функција на наведениот приоритет се развиваат следните цели:

– Зајакнување на квалитетот на  наставата по мајчин јазик во иселеништвото

–Зголемен интерес за учење на мајчин јазик во иселеништвото од страна на децата на иселениците

 

– Поттикнување на културно-уметничкото творештво и промоција на македонската култура во иселеништво

 

*2 Права и положба на иселениците

Во функција на наведениот приоритет се развиваат следните цели:

– Унапредување на врските со иселениците и  развиена комуникација преку ажурирана база на иселеници и организации

– Здобивање на поголеми права во матичната држава и подобрување на положбата на иселениците во државите каде живеат и работат

*3  Интегрирање на иселениците

-Зголемена информираност на иселениците за состојбите во матичната држава

– Засилена  мотивираност за враќање и инвестирање во Република Северна Македонија

 

2.4. Назив на програмата: УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВРСКИТЕ СО ИСЕЛЕНИШТВОТО
2.5. Цел на Програмата:

– Поттикнување и помагање  за одржување на националниот,културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците

-Зголемување на интересот за негување на мајчиниот јазик  пред се кај најмладата генерација на иселеници

-Зголемена информираност за секојдневните состојби во Република Северна Македонија и вклучување на иселениците во општествениот и економски живот

-Поттикнување на иселеници бизнисмени за инвестиции во Република Северна Македонија

2.6. Показатели за успех на Програмата:

-Расте бројот на иселеници кои индивидуално или преку организирани форми ги одржуваат врските со Република Северна Македонија, одговараат на проектните активности кои ги пружи матичната држава и имаат интерес нивните деца да го учат и негуват мајчиниот јазик

-Уметниците и поетите кои живеат во иселеништво творат теми поврзани со РСМ на мајчин јазик и имат интерес македонската култура да ја пренесат и промовират во средините каде работат и живеат

-Се осознаваат бенефитите од стекнување со македонско државјанство и се зголемува интересот искуствата од страна на интелектуалното иселеништво да се споделат и пренесат во РСМ со цел, нејзин развој во сите сфери.

-Бизнисмени иселеници имаат интерес да инвестираат во РСМ и да помогнат во економскиот развој на државата, зголемено вработување и подобри услови за живот на граѓаните

2.7. Програмата е: (забележете го видот на Програмата)

хоризонтална X                                                                                               вертикална

ПОТПРОГРАМИ (компоненти) од Програмата :
Потпрограма 1: –

 Културен развој на иселениците

 

Показател за успешност: се зголемува бројот на деца на иселеници во 2021г.  кои следеа настава  по мајчин јазик.

На проектот Настава по мајчин јазик од далечина, се појави интерес од голем број на деца во иселеништво да ја следат наставата, да го учат мајчиниот јазик и да ја негуват традицијата и културата

Наставата во иселеништво по мајчин јазик се подигна на повисоко ниво поради континуирано снабдувања на училиштата во странство со учебен материјал и врвна соработка со наставниот кадар. Секое дете од иселеништво има сопствени учебници кои ги издаде, испечати и диструбуира Агенцијата за иселеништво

Уметниците иселеници творат на теми поврзани со матичната држава, на мајчин јазик и имаат голем интерес да бидат дел од соодветни културни манифестации кои се одржуваат во Република Северна Македонија. 50 книги од македонски автори ја збогатија иселеничката ризница на книги во Агенцијата. Оваа година 6 автори со 7 книги конкурираа на Манифестацијата Струшки вечери на поезијата.

Интересот за учество на мултикултурни манифестации во средините каде живеат е зголемен поради поддршката со промотивен материјал која ја нуди Агенцијата за иселеништво и тоа: знамиња, кукли во носии, народни носии, постери од убавини на РСМ, книги, календари, привезоци, водичи и слично.

Потпрограма 2: –

Права и положба на иселениците

Показател за успешност: преку користење на современите алатки за брза комуникација се зајакнуват односите со иселениците и иселеничките организации, благодарение на интерсот за комуникација базата на иселенички организации во Агенцијата за иселеништво е околу 1000 здруженија.

Интересот за стекнување со македонско државјанство се зголемува, како и соработката со другите институции (МНР, МВР) во однос на олеснување и упростување на процедурите за стекнување со истото.

Со посетите во странство, се евидентирани проблемите и потребите на иселениците кои ги имаат во матичната држава и државите примачи со што се зголемува довербата и зајакнува соработката со иселеништвото.

Преку следење на  политиките на државите примачи кон емиграцијата и лобирање за нивен подобар третман, иселениците уживаат поголеми права во сите сегменти во општеставата каде живеат и работат, поготово кога се однесува на држави од регионот по принцип на реципроцитет

Потпрограма 3:

Интегрирање на иселениците

Показател на успешност:

Информираност на иселениците за политичките, економските и општите состојби во Република Северна Македонија и обезбедени услови за реинтегрираност на повратниците

Обезбедена бизнис клима за инвеститори, иселеници кои имаат интерес да инвестират во бизниси во Република Северна Македонија

Во соработка со Општините преку различни платформи претставени се стопанските капацитети и можностите за инвестирање

 

 

                                                    Б: План за спроведување на Програмата

 

 

Потпрограма 1: Културен развој на иселениците

Активност 1.

Летна школа по мајчин јазик

Одговорни Консултирани 2022-2026 Потребни ресурси
Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки Финансиски

MKД

-Ангажирање на 2 наставници за одржување на наставата по македонски и 1албански јазик

-Сместување на  45 особи (37 ученика и 8 возрасни)

-Превоз на наставници, придружници и организатори (Скопје-Охрид-Скопје)

-Превоз на ученици при посета на културно-историски споменици во Охрид

-Организирање на забавни активност(3 настани, караоке шоу, театарска претстава, едукативни работилници) тех. и марк. поддршка

-Печатење материјали  (папки,тефтери,пенкала,дипломи, промотивни материјали)

АИ Февруари

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

21-24

/јули

 

 

 

 

10 Македонски јазик/

Албански јазик

 

30.000,00

410.000,00

 

20.000,00

20 000,00

 

 

120.000,00

 

100.000,00

Вкупно за активност 1/2022   700.000,00
 

Активност 2.

Настава по мајчин јазик од далечина

Одговорни Консултирани Временска рамка

2022-2026

Потребни ресурси  
Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки Финансиски

MKД

 
 

2-наставника

1-наставник по македонски јазик

1-наставник по албански јазик

АИ Биро за развој на образование јануари декември

 

 

 

  5  

130.000,00

 
Вкупно за активност 2/2022 година 130.000,00  
Активност 3.

–  Награда „Стојан Христов“ Манифестација -Струшки вечери на поезијата

 

Одговорни Консултирани 2022-2026 Потребни ресурси  
Почеток

2022

(месец/година)

Крај

2022

(месец/година)

човечки Финансиски

MKД

 
 -Хонорар за Комисијата за избор на книга поезија на автор иселеник,

– Награда ,,Стојан Христов

-Патни трошоци за претставници и промоција  на наградената книга поезија

АИ Струшки вечери на поезијата Март Август

 

 

 

  5  

15 000,00

35.000,00

10.000,00

 
Вкупно за активност 3/2022година       60.000,00  

 

Активност 4

Ликовна колонија

Одговорни Консултирани 2022

Почеток

2022

(месец/година)

   2026

Крај

2022

(месец/година)

 

човечки

Потребни ресурси

финансиски

MKД

 

 

Сместување за 10 ликовни уметници

Трошоци за превоз

Потребен ликовен материјал

Каталог на уметнички дела

АИ   Февруари

 

 

 

 

 

 

 

Октомври

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5

 

 

 

 

 

 

 

 

150.000,00

30.000,00

70.000,00

50.000,00

Вкупно за активност 4/2022 година 300.000,00

 

   

Активност 5

Камп на спорт и дружење

Одговорни Консултирани 2022

Почеток

2022

(месец/година)

2026

Крај

2022

(месец/година)

 

човечки

Потребни ресурси

финансиски

MKД

 

 

-сместување на  45 особи 37 ученици и 8 возрасни

-ангажирање на координатор и тренери

-набавка на опрема (топки, медали)

-превоз на придружници и кратки         екскурзии

-техничка поддршка за културно-забавни активности

АИ   Февруари

 

 

 

 

 

 

Август

 

 

 

 

 

 

 

 

7

 

 

 

 

 

 

 

 

410.000,00

 

 

60.000,00

30.000,00

60.000,00

 

 

 

Вкупно за активност 5/2022 година   560.000,00

 

 

Потпрограма 2 Правата и положбата на иселениците

Активност 1

Посета на иселенички организации во местата каде живеат иселениците

Одговорни Консултирани 2022

Почеток

2022

(месец/година)

2026

Крај

2022

(месец/година)

 

човечки

Потребни ресурси

финансиски

MKД

– Патни трошоци

сместување

авионски билети

др трошоци

АИ

 

  Февруари

 

 

 

Декември

 

5

 

 

500.000,00

Вкупно за активност 1/2022 година   500.000,00

 

Активност 2

Поддршка на иселенички настан

Одговорни Консултирани 2022

Почеток

2022

(месец/година)

2026

Крај

2022

(месец/година)

 

човечки

Потребни ресурси

финансиски

MKД

 

-Поддршка на културни настани

-Промотивни материјали

АИ   Февруари

 

 

 

 

 

Декември

 

 

 

 

5

 

 

100.000,00

200.000,00

Вкупно за активност 2/2022 година 300.000,00  

Потпрограма 3: Интегрирање на иселениците

 

Активност 1

Изработка на економско /правна брошура за потребите на иселениците

Одговорни Консултирани 2022

Почеток

2022

(месец/година)

2026

Крај

2022

(месец/година)

 

човечки

Потребни ресурси

финансиски

MKД

 

 

Печатење брошура

АИ   Јануари Ноември   7  

 

50.000,00

Вкупно за активност 1/2022 година 50.000,00

 

3 . ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

ПРОГРАМА: Унапредување на врските со иселениците Резиме на потреба од нови вработувања

1 помлад соработник

1 соработник

1 советник

1 раководител на одделение

Резиме на потреба од прераспределба на вработените

1 унапредување во раководител на одделение за економски работи

Резиме на потреба од обуки

Потреба од сите основни генерички обуки

  1. ПРИНЦИП НА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ

 

Очекувано влијание 2022 Очекувано влијание 2023 Очекувано влијание 2024
Постапката за вработување ќе се  спроведе со Годишниот план за

вработување и Балансерот со сите

можни распределби на

нововработени лица на соодветна

застапеност на заедниците кои не

се мнозинство во РСМ.

 

Постапката за вработување ќе се  спроведе со Годишниот план за

вработување и Балансерот со сите

можни распределби на

нововработени лица на соодветна

застапеност на заедниците кои не

се мнозинство во РСМ.

 

Постапката за вработување ќе се  спроведе со Годишниот план за

вработување и Балансерот со сите

можни распределби на

нововработени лица на соодветна

застапеност на заедниците кои не

се мнозинство во РСМ.

 

 

 

Работно место

Македонци Македонци Македонци Македонци Македонци Македонци
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО      Вкупно
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани 1 / / / / / / / 1 0 1
Раководни   5 / / / / / / 0 5 5
Нераководни 2 5 / / / / / / 2 5 7
Вкупно 3 10 0 0 0 / 0 0 0 10 13

 

 

Работно место

Албанци Албанци Албанци Албанци Албанци Албанци
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО  
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани 1 / / / / / / / 1 0 1
Раководни / / / / / / / / 0 0 0
Нераководни 2 2     / / / / 2 2 4
Вкупно 3 2 0 0 1 0 0 0 3 2 5

 

 

 

Работно место

Турци Турци Турци Турци Турци Турци
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО      Вкупно
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани                 0 0 0
Раководни                 0 0 0
Нераководни                 0 0 0
Вкупно 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

 

 

 

Работно место

Роми Роми Роми Роми Роми Роми
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО      Вкупно
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани                 0 0 0
Раководни                 0 0 0
Нераководни                 0 0 0
Вкупно 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

 

 

 

Работно место

Срби Срби Срби Срби Срби Срби
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО      Вкупно
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани                 0 0 0
Раководни                 0 0 0
Нераководни                 0 0 0
Вкупно 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

 

 

 

Работно место

Власи Власи Власи Власи Власи Власи
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО      Вкупно
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани / / / / / / / / / / 0
Раководни / / / / / / / / / / 0
Нераководни / / / / / / / / / / 0
Вкупно 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

 

 

Работно место

Бошњаци Бошњаци Бошњаци Бошњаци Бошњаци Бошњаци
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО      Вкупно
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани                 0 0 0
Раководни                 0 0 0
Нераководни                 0 0 0
Вкупно 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

 

 

 

Работно место

Други Други Други Други Други Други
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО      Вкупно
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани                 0 0 0
Раководни                 0 0 0
Нераководни 1               1 0 1
Вкупно 1 0 0 0 1 0 0 0 0 0 1

Очекувано влијание 2022

 

  1. ПРИНЦИП НА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ

 

Очекувано влијание 2022 Очекувано влијание  2023 Очекувано влијание 2024  – 2026
Согласно законот за еднакви можности на жените и мажите се

уредуваат прашања од интерес за

еднаквите можности на жените и

мажите од областа на здравствената

заштита и здравственото

осигурување, работните односи и

вработувањето, образованието и

стручното усовршување и др.

Цел на овој закон е воспоставување

и спроведување на принципот на

еднакви можности на жените и

мажите во политичката,

економската, социјалната,

образовната, културната,

здравствената, граѓанската и било

која друга област од општсвениот

живот.Вработените од АХВ ја завршија

обуката за родова еднаквост

почетен и напреден степен.

   
 

Работно место

           
Високо Вишо Средно Основно ВКУПНО      Вкупно
Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени Мажи Жени
Именувани 2               2 0 2
Раководни   5             0 5 5
Нераководни 5 7             5 7 12
Вкупно 5 9 0 0 2 1 0 0 7 10 19

 

6.РАЗВИВАЊЕ ЗАЕДНИЧКИ ФУНКЦИИ

 

Развивање политики и стратешко планирање

 

2022планирани мерки

Во функција на креирање на

политиките односно актите и

материјалите од надлежност на

Агенцијата за иселеништво  институционализиран е:

Сектор за правни и општи

работи во чии рамки организационо делуват две одделенија за правни и економски работи со: еден раководител на сектор, еден советник, еден самостоен референт, еден помлад соработник

Во функција на креирање на

политиките односно актите иматеријалите од надлежност наАгенцијата за иселеништво институционализиран е и

Сектор за одржување и унапредување на врските со иселеништвотово чиирамки организационо делува

Одделение за културен развој со еден раководител на одделение, еден советник, еден помлад соработник и еден помлад референт;

 

Одделение за информирање и комуникација, со еден раководител на одделение, еден советник, еден соработник и  еден самостоен референт;

Одделение за односи со јавност со еден соработник и еден помлад соработник;

Двата сектора взаемно дејствуваат и се испреплетуваат

2023планирани мерки 2024-2026планирани мерки

 

Стратешко планирање/ подготвување на Буџетот

Се врши во рамки на Одделението за финансиски прашања преку спроведување на јавни набавки, реализација на буџетот согласно финансискиот план,следење и контрола на наменско трошење на средства.

Има потреба од кадровско екипирање на новата организациона единица Одделението за промоција и односи со јавност, како и доекипирање на Одделението за финансиски прашања, како  пополнување на  работното место  ,,Раководител на Одделение за правни и општи работи во Одделението за правни и општи работи, од причина да се подобри функционирањето на Одделението, кое подолго време е без раководен административен службеник за менаџирање, организирање и координирање на работата во одделението,

Потребна е и обука на вработените во  функција на извршување и управување со буџетот и обука за управување на електронски систем за  јавна набавка

Управување со човечки ресурси

Подготвува Годишен план за спроведување на генерички и специјализирани обуки

* Спроведување на обука на вработените

“Извештај за спроведената обука

“Оценување на административните  службеници

*Поготвување      на      извештај за спроведеното оценување

 

 

Слободан Близнаковски

директор