Водици одбележан и во Сиднеј

0
231

По извршената Свети Богојавленска служба и наддавањето на иконите, свештеникот на Македонската православна црква Св. Петка од Рогдаел, Владо Недески, ги собра децата и родителите и отпатуваа во месноста Kyeemayh, плажа на Пацифичкиот Океан за да го фрли крстот во големите
океански води.

По опелото, свештеникот го фрли крстот во водите по кој се затрчаа десеттината млади момчиња, од кои најсреќен беше дванаесет годишниот Арсениј (син на Владо и Даниела Недески). Во име на црквата
Св. Петка, свештеникот Владо, Арсениј го награди со златно синџирче и крсте како и икона на која е насликано покрстувањето на Свети Јован богомолецот.