Среда, 19. 01. 2022 г. БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ,
Света Литургија со почеток во 10:00 часот во нашата нова црква, посветена на Св. Злата Мегленска во Загреб, Нова цеста 176.
По светата Литургија, лецитација на светиот Крст (кој ке го купи светиот Крст ке престојува 40 дена за здравје во нивниот дом). Потоа ке се изврши голем Богојавленски водосвет во дворот на црквата и спуштање на светиот Крст во водите и радосно да се поздравиме со божествениот поздрав БОГ СЕ ЈАВИ!