Ние, Одборот на МПЦ Раѓање на Пресвета Богородица верувајќи во идејата за основање на наша Македонска Православна Црква во Тексас, вие верувајќи во нас, а сите заедно верувајќи во Едниот Господ Бог Исус Христос, денеска успешно ја завршивме и втората Божиќна Божествена литургија на МПЦ Раѓање на Пресвета Богородица во Далас, Тексас.
Голема благодарност до Отец Стојан Глигоров за преубавите литургии, до сите вас што одвоивте од своето време и ја збогативте вчерашната и денешната света литургија со своето присуство, а сите кои од било која причина не можеа да дојдат ги повикувам на литургија што црквата ќе ја одржи на Велигден, 24-ти Април, 2022, на иста локација во 10ам.
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ!