Членот на здружението на иселеници ,,Аминта’’ од градот Виторио Венето во Италија Горан Наумоски, оствари средба со Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеникот од Струга во собранието на Република Македонија Мирче Аџиоски.
На средбата се разговараше за барањето на нашите иселеници од северниот дел на Италија за отворање на авионска линија Венеција(Тревизо)-Охрид со што ќе се зацврстат релациите на нашите иселеници со нивниот роден крај, а исто така ќе се збогати туристичката понуда на Охрид и Струга, како и отворање на можност покрај нашите иселеници и за посета на туристи од Италија. Од нивна страна беше истакнато дека во рамките на нивните можности и овластувања максимално ќе се залагаат како локална самоуправа, а и преку барање до централната власт за обезбедувење на потребната авио линија и олеснување на комуникацијата со Охрид и Струга,стои во соопштението од Здружение на иселеници ,,Аминта’’ од Виторио Венето – Италија.