Во склад со јулијанскиот календар членовите на Здружениет на граѓани с македонски потекло „Илинден“, во Тузла го одбележаа Божик – раѓањето на Исус Христос.
Чувајќи ја традицијата, изведен е и обредот на делење на божикната погача. Паричката во неа претставува симбол на среќа, радост и напредок. Делењето се врши за сеприсутниот Бог, Здружението и членовите, како и нивните семејства.
Судејќи по сѐ, среќата и напредокот ќе му бидат наклонети на Здружението на граѓани со македонско потекло „Илинден“ од Тузла, бидејќи паричката заврши во делот на погачата наменет за здружението „Илинден“.