АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО ВО ПОСЕТА НА МПЦ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО КОПЕНХАГЕН – ДАНСКА

0
334

По повод патрониот празник на Црковната Општина во Копенхаген, Св.Климент Охридски, делегацијата на Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Близнаковски присуствуваше на вечерната богослужба одржана од Отец Блажо Кожарски. 

Патрониот празник се одбележа со посна вечера и дружење помеѓу верниците.

Директорот Близнаковски имаше кратко обраќање до присутните, ги запозна со работата и надлежностите на Агенцијата за иселеништво и повика на идна соработка.

Претседателот Пеце Димитријевски се заблагодари за присутноста на претставниците од Агенцијата за иселеништво и информираше за опстојувањето на Црковната Општина, за идните планови околу изградбата на сопствен Храм и повика на почеста и помасовна посетеност на богослужбите од страна на Македонската Заедница. Воедно информира дека Данска има отстапено простории за културни активности и училница за одржување на часови по македонски јазик, но настава сеуште нема организирано од државата поради отсуство на билатерален договор. Во иднина се надеват дека ќе се надминат препреките и ќе се реализира наставата со поддршка од матичната држава.