Промоција на изданието „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име“

0
196

Скопје,

– Промоција на изданието „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име“ документи и анализи од д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба во Скопје.

– Во овој научен труд се проследува употребата на етнонимот Македонци низ вековите при што се овозможува еден нов аспект и пристап кон разгледувањето на ова суптилно идентитетско прашање. Книгата располага и со досега необјавени извори, така што на јавноста и се дава можност да се запознае со нови сознанија околу генезата на идентитетското име, наведуваат од организацискиот одбор за промоцијата.

Авторот, додаваат организаторите, во текот на подготовката на трудот соработувал со научници од повеќе области со појдовен мотив истиот да претставува одговор на оспорувањата на идентитетските права на македонскиот народ од страна на научните установи на некои држави во соседството.

– Идентитетските права на народите се суверени права заштитени од сите меѓународни организации и ги опфаќаат постулатите врз кои се засноваат и Европската Унија, Организацијата на Обединетите нации и НАТО, се вели во соопштението.