Средба со наставниците во Гетеборг

0
607

На 11 Декември во просториите на друштвото „Гоце Делчев“ во Гетеборг директорот Близнаковски оствари средба со наставничките по македонски јазик кои работат во училиштата во Гетеборг, Борас и Јонкопинг. Наставниците се заблагодарија за поддршката со учебен материјал и лектири кои Агенцијата ги печати и праќа со цел помагање на наставата по македонски јазик. Тие го помагат и интегрирањето на новите ученици кои доваѓаат во Шведска, преку преводи и работење на наставните содржини на македонски јазик.  Наставничките информираа за начинот на  водење на наставата, за пристапот кон учениците, почитта кон желбите и афинитетите на децата и поттикнувањето на креативноста на наставникот.

Информираа дека во Шведска дигитализацијата е внесена комплетно во наставата, аудио-визуелните нагледни средства и филмовите  се основни алатки  при усвојување на сите нови содржини.

Директорот во знак на благодарност за соработката додели дел од учебниот материјал со кој располага Агенцијата и ги информира за апликацијата за учење на мајчин јазик преку игра како дел од новите пристапи во образованието.