Мојата мисија на земјата, е да им помагам на луѓето ширум светот да го надминат страдањето и да стигнат до изворот на трајна среќа: Д-р Снежана Џамбазова Попордановска, психолошки советник во универзитетска клиника во Мелбурн

0
365

Во 2004 година со својот сопруг Емил доктор по општа медицина и синот, кој имал само 18 месеци заминале во Австралија со цел професионално да се усовршат. Првата година живееле во Бовен, а потоа во Бризбејн. Од 2010 година живеат во Мелбурн.

Снежана Џамбазова Попордановска дипломирала на Медицинскиот Факултет во Скопје. Во Австралија стекнала диплома за психолошки советник на Австралискиот Институт за Професионални Советници. Со едукативната надоградба станала Доктор на психолошки науки. Докторатот го завршила на Дикин Универзитет, во Мелбурн. Потписник е на книгата „72 научно -засновани активности за развој на социјалните и емоционалните вештини на децата: Практичен прирачник за родители, наставници и психолози” издадена на англиски јазик. Ги напишала и книгите „Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода” – издадена на македонски, англиски и шпански јазик и „Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата -Книга Втора” -издадена на македонски и англиски јазик. Работи како психолошки советник во универзитетската клиника во центарот на Мелбурн. Основач е и директор на невладината организација за личен развој AnotherWay Life Education со седиште во Мелбурн. Нејзиниот сопруг Емил Попорданоски е автор на збирката поезија „Во прегратките на љубовта” која во 2021 на Струшките Вечери на Поезијата ја доби престижната награда „Стојан Христов” – за најдобра збирка поезија од иселеник од целата македонска дијаспора. Мајка е на Кристијан (18) и Грациела (16).

 

* Во Новата година влегуваме со надеж дека ќе биде подобра од претходната. Но, во таа волшебна ноќ како што ја нарекуваат, не постои волшебно стапче кое се ќе смени преку ноќ. Кој е првиот чекор што треба да го направиме за поквалитетна живеачка и внатрешно задоволство? 

 

Целиот текст можете да го прочитате тука