Посета на МПЦО Св. Кирил и Методиј во Гетеборг – Шведска

0
440

Во периодот од 9-13 Декември, делегација од Агенцијата за иселеништво остварија посети и работни средби со иселенички организации и црковни општини во Гетеборг, Малме и Копенхаген со следните теми на дневен ред и распоред:

-Информирање за проектните активности на Агенцијата за иселеништво

-Дискусија и предлози за идното работење на Агенцијата по однос на вашите потреби а во рамки на надлежностите

-Надоврзување на заклучоците од претходно остварените средби при посета на претставници од Агенцијата за иселеништво на Шведска

На 10 Декември: се реализира средбата со претставници од Управниот одбор и Свештеникот  од  МПЦО Св.Кирил и Методиј, Гетеборг, во просториите на црквата.

Претседателот Милан Стојчески и Свештеникот Евтим Велкоски информираа за развојот на Црковната Општина, почнувајќи од 1981 година до денес. Иформираа за активностите, богослужбите и за соработката со матичната држава. Со сопствени седства ја одржуваат и надоградуваат црквата а во рамки на објектот се изградени и простории кои служат за дружење и други активности после богослужбите.

Отец Велкоски е надлежен за Северниот дел на Шведска и е задоволен од посетата на Црквата од страна на верниците кои биле присутни постојано и за време на Ковид пандемијата.

Претседателот Стојчески истакна дека соработката помеѓу надлежните институции за иселениците и организациите треба да биде континуирана, посебно кога државата спроведува битни процеси како самопопишување, гласање и друго .

Директорот Близнаковски се заблагодари на приемот, информира за Програмата за работа на Агенцијата за иселеништво и се согласи дека комуникацијата помеѓу Агенцијата за иселеништво и иселениците треба да е непрекината поради што беше изготвена нова веб страна со нови и значајни содржини за потребите на иселениците.

После официјалната средба делегацијата оствари состанок со членови на Црковниот одбор кои искажаа задоволство од посетата и ја истакнаа потребата од почеста работа на терен.