Оваа година се одбележуваат сто години од раѓањето на Блаже Конески и по тој повод предавање ќе одржи м-р Биљана Стојановска, лекторка по македонски јазик на Унивезитетот во Риека.
Предавањето ќе биде во сабота, 18. декември во 18 часот во Конференциската сала на Македонската православна црква во Загреб, Nova cesta 178, на македонски јазик.
Со оглед на моменталната епидемиолошка ситиација, ве молиме за придржување кон пропишаните епидемиолошки мерки.
Тинка Б. Крстева