Посета на МПЦО Св.Архангел Михаил во Неиве

0
591

На 5 декември 2021 година, делегацијата на Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Близнаковски ја посети Македонската Православна Црква Св. Арахангел Михаил во Неиве, каде се одржуваше Богослужба по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица. По Богослужбата, во просториите на Црквата, делегацијата оствари работен состанок со Управниот одбор, Свештеникот Михајло Матевски и неговиот помошник Тоде Веселинов каде беа пренесени информациите дека заедницата е во тек да го купи работниот простор до Црковниот храм, со цел да се преуреди за свое катче, каде ќе можат да се реализираат активностите не само од духовен туку и културен карактер.

Покрај редовните богослужби и тековните верски обреди, Црковната општина организира семакедонска трпеза по повод големи празници, делува хуманитарно по потреба и организира турнир во мал фудбал еднаш годишно.

Заедницата во овој дел од Италија е многубројна и заслужува посебно внимание од страна на државата, посебно во делот на изучувањето на македонскиот јазик.

На друштвата кои беа посетени, делегацијата им подари рекламен материјал, едукативни материјали за најмладата генерација  и тоа буквари, граматики и читанки, знамиња, привезоци и сувенири.