Кои се сферите на Вашиот интерес во економските науки?
– Предметите што ги предавам (вкупно пет) и научните истражувања во кои сум инволвиран се концентрирани во сферата на корпоративните финансии, финансиското поведение (behavioral finance) и економетријата. Во кратки црти, во овие сфери се наоѓаат темите на моите истражувања, а воедно во нив имам издадено повеќе научни труда.
Што најмногу Ве импресионира во словенечкиот високообразовен систем?
– Покрај аспектите што претходно ги напоменав, најмногу ми се допаѓа како е контролиран високообразовниот систем од државните институции. Прво, образованието на секој степен, освен докторски студии, е бесплатно. Студентите уживаат субвенции за храна во 99% од рестораните низ државата. Стипендии има за секоја ранлива и неранлива категорија на студенти, се разбира, под посебни услови. Поголемиот дел од професорскиот кадар е образован во најреномираните универзитети низ светот и тоа е усвоено како критериум за вработување.
Второ, словенечкиот образовен систем е во тесни врски со образовните системи од остатокот од Европа, Америка и од Азија. Мобилноста на студентите да студираат на партнерски универзитети е на високо ниво.
Трето, образовниот систем е под директна државна контрола. Тесната соработка меѓу државните институции и образовниот систем во Словенија дава одлични резултати.
Се дружат ли македонските студенти во Словенија? Имаат ли некоја организирана форма за да си помагаат едни на други?
– Македонските студенти ги има во голем број низ Словенија и се прилично сконцентрирани во поголемите градови, како Љубљана и Марибор. Покрај дружбата во виртуелните групи на социјалните мрежи, кои мора да кажам дека одлично функционираат за размена на информации, постојат и непрофитни организации кои им помагаат на студентите полесно да се интегрираат во системот. Овие друштва, исто така, располагаат со информации за запишување на студии, информации за добивање стипендии за македонските студенти, посредување информации за настани, натпревари и проекти од сферата на образованието и решавање проблеми поврзани со студентскиот статус и студентската работа.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска
Целиот текст тука