,,Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, јазикот наш македонски – ќе можеме да сметаме дека ја имаме татковината, како куќа, како дом, како огниште.“ Блаже Конески
Ова беше мотото под кое во петокот, во организација на Македонското учителско друштво се одржа виртуелна прослава по повод матурирањето на учениците по македонски јазик од Викторија.
На крајот од уште една учебна година исполнета со предизвици, оваа традиционална свеченост беше извонредна прилика да им честитаме на учениците за завршеното образование по мајчин јазик, а на нивните наставници да им оддадеме признание за исполнувањето на таа мисија. Посебен поздрав до матурантите испратија г-от Френк Мерлино, директор во Викториското училиште за јазици и г-та Сања Зографска, генерален конзул во македонскиот конзулат во Мелбурн.
дома Иселенички Страни Австралија Покана за матурска прослава на учениците по македонски јазик во Мелбурн