Младата Македонка од Италија твори на три јазици

0
436

Неодамна, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје од печат излезе тријазичната стихозбирка под наслов „Дождот“ на Изабел Катин Скатоца од Рим. Делото е напишано на трите јазици со кои Изабел комуницира во нејзиниот секојдневен живот: италијански,македонски и англиски.

Изабел Катин Скатоца е родена на 26.01.2006 година во Торонто, Канада, каде живееше девет години. Во 2015 година, во пресрет на уште еден предизвик се пресели во Рим, Италија каде сега живее со нејзината фамилија и посетува средно гимназиско училиште.

Изабел има пријатели од скоро секој агол на светот и преку нив таа продолжува да учи и да го развива своето разбирање за различни култури и верувања. Но, она што најверојатно е најкарактеристично за Изабел е нејзиното убедување дека – како што таа рече кога имаше шест години:

„…сите луѓе се добри,

но понекогаш прават грешки“.

Оваа изненадувачки длабока мисла дава надеж дека нејзината генерација и оние по нив ќе постигнат повисок степен на свест и хармонија отколку од предходните.

Нејзината стихозбирка „Дождот“ е напишана на трите јазици со кои Изабел комуницира во нејзиниот секојдневен живот: англиски, македонски и италијански. Исто така, таа течно зборува и француски јазик По нејзино барање нејзината прва книга се промовира во Љубојно на 2-ри Август 2017 година, на големиот македонски национален празник Илинден. На овој празник Изабел и нејзиното семејство скоро секоја година доаѓа од Рим за да се радуваат на средбите за Илинден.

На средбите, пред голем број присутни, особено ученици за стихозбирка „Дождот“  зборуваа Болјана Лубаровска и Славе Катин, а се обрати на македонски и авторката Изабел Катин Скатоца.

Автор на текстот е : Душан Ристевски