Денес 28/11/2021 на ТВ Каналот 31 во Мелбурн не беше емитувана Македонската ТВ Програма Macedonians In The Aussie Land.
Значи Управата на ТВ Канал 31 во Мелбурн одбиваат да ја прикажуваат македонската програма само поради Македонското Сонце.
Иначе се знае Македонското Сонце е на СЕ што е македонско па мора да е присутно и во македонската програма. Не може македонска ТВ Програма без Македонско Сонце. Тоа е дозволено насекаде во Австралија и во Цел Свет, па зошто само во ТВ каналот 31 во Мелбурн е забрането?
Тоа е јавна тајна нели.
Македонци Ве повикуваме да се однесувате како и досега, мирно, спокојно и достоинствено. Ве молиме коментирајте само на учтив начин со почит кон секого.
Неправдата ќе се исправи, против дискриминацијата ќе се бориме само со користење на законски средства.
Овде нема да објавуваме ништо поради законски причини.
Но бидете сигурни дека Нема да се колебаме да си ги заштитеме нашите човекови права.