Иконата на Пресвета Богородица Согленска пристигна во Гевгелија

0
251

Чудотворната икона на „Пресвета Богородица-Мегленска“ од денеска до 28 ноември е поставена за поклонение во гевгелискиот манастир „Свети Спас“ што претставува голем благослов за градот Гевгелија и за целото гевгелиско архијерејско намесништво.

Според програмата, во недела на 28 ноември, откако ќе биде отслужена Свечена литургија, ќе се организира Свечена литија низ улиците на Гевгелија по што чудотворната икона ќе биде поставена за поклонение во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во центарот на градот.

Најпознатата реликвија од Согленскиот манастир, според иконописниот стил, потекнува од XIX век и е позната по тоа што многу бездетни парови, кои се молеле пред оваа икона, добиле рожби поради што е наречена чудотворна икона.

Оваа икона е најзаслужна за тоа што Согленскиот манастир, покрај во Велес и велешко, станал познат во сите градови во нашата земја.