Четириесет и пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот Струма, од Софија за Благоевград, јави дописникот на БГНЕС. Според други информации, загинале 46 лица.
Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица – 2 жени и 5 мажи, кои се сместени во „Пирогов“, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта.
Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокале од прозорците на автобусот. Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3 часот се случила сообраќајна несреќа на автопатот во правец Софија – Благоевград.
Автобусот е со македонска регистрација, потврди началникот на противпожарната служба Николај Николов. „На 31-от километар од автопатот се случи сообраќајна незгода во автобус во кој избувна пожар. Загинаа 45 лица. И преживеаните патници се во тешка здравствена состојба.“
Делницата од автопатот има многу проблеми, цело лето таму се поправаат дупки, изјави за БТВ експертката за патишта Дијана Русинова.