Врачување на првите 80 мобилно издадени патни исправи во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД

0
26

– Во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД ќе бидат врачени првите 80 мобилно издадени патни исправи, со што се одбележува ефикасниот почеток на новата постапка за издавање на пасоши и за нашите државјани кои живеат во Северна Америка. Над 130 наши државјани сликани во Конзулатот овој месец, по воспоставувањето на базната станица, ги споделуваат своите искуства, препорачувајќи им на сите сограѓани, доколку им е потребно да ги обноват пасошите на Република Северна Македонија веднаш, информираат од Министерството за надворешни работи.

Нагласуваат дека воспоставувањето на базните станици, како опреми за скратување на постапката на издавање на патни исправи во наши дипломатски и конзуларни претставништва е дел од повеќедимензионалните напори на Министерството за надворешни работи за унапредување на услугите за нашата дијаспора во светот.

-Од постоењето на Конзулатот, од неговото формирање овде, во далечната 1998 година првпат нашите државјани кои што живеат на конзуларното подрачје на овој Конзулат, имаат прилика да добијат патни исправи на најбрз можен начин. Порано за патните исправи се чекаше по шест, па дури и по девет месеци. Сега патните исправи ги добиваат за месец дена, и тоа во голема мерка им ги олеснува патувањата на нашите државјани, изјави генералниот конзул, Јордан Панев.

Задоволство од новиот начин на издавање на пасошите искажуваат и нашите државјани.

-Процесот беше многу полесен отколку што очекував. Завршив работа за само 30 минути, сите беа многу корисни. Ми кажаа дека новиот процес е многу поефикасен од стариот и со тоа сум 100 отсто согласен, вели наш државјанин.

Друг пак посочува дека дошол за да го обнови својот пасош и им препорачува на сите да дојдат во Конзулатот, затоа што за половина час се завршува се.

-Се е совршено. Завршив за половина час, што мислам дека е многу добро. Од почетокот на процесот до крајот имав толку прекрасно искуство, што им предлагам на сите што треба да дојдат во Конзулатот. Дојдете направете го тоа, бидејќи е многу убаво искуство, порачува трет наш државјанин.  Сите работат овде.Тие се многу добри луѓе. Ви земат отпечатоци од прсти, ве сликаат, ви помагаат да ги пополните документите. Ако треба да го обновите пасошот, направете го тоа веднаш, истакнува нашиот државјанин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде