Легендата за новиот македонски јунак: Елиф Елмас, дијамант брусен во слаткарница!

0
398

По пензионирањето од репрезентативниот дрес, Горан Пандев кој без сомнение го носи епитетот на најдобар фудбалер во нашата независна историја како држава, се создава нов фудбалски идол и лидер на младите генерации во нашата држава. Нашата млада гордост, Елиф Елмас е играч кој се очекува да блесне во следната деценија и да донесе нова фудбалска радост за нашата нација. 22-годишниот играч на Наполи полека се наметнува како лидер на нашата репрезентацијата, а својот раскошен талент го покажа со двата постигнати гола на натпреварот против Исланд на кој што издвојувавме победа (3:1) во квалификациите за Светското првенство, а со тоа Македонија ќе заврши на историскиот бараж.

Елмас, чие презиме на турски значи – дијамант, буквално го опишува неговото значење за македонскиот фудбал и нашата репрезентацијата, статистички тој беше најдобриот играч на Македонија на овие десет квалификациски натпревари, а воедно е и најдобар стрелец со четири постигнати голови.

Тоа го знаеме сите, но не сите ја знаат животната приказна на Елмас пред да блесне во Италјанското првенство, каде што моментално според многумина се игра и најсимпатичниот фудбал во Европа.

Па ајде да започнеме. Елиф Елмас е родена во главниот град на републиката, Скопје на 24 септември 1999 година. Тој е роден и израснат во мултиетничката населба Чаир, каде живеат Македонци, Албанци, Роми, и Турци, а сите добро знаеме дека тоа е место кое важи за едно од најнебезбедните во метрополата.

Потекнува од семејство со турски корени, скромни луѓе кои ја негуваат традицијата, и традиционалните работни места во Македонија. Секој во неговата фамилија има своја деловна гранка. Неговиот татко, Џеват е сопственик на слаткарница во Скопје. Доколку патот ве води кон главниот град, посетете ја слаткарницата „Мандарина“ во населбата Автокоманда, а таму имате прекрасни слатки и многу вкусни намирници, а тие ќе ги добиете лично од господинот Џеват.

Џеват, кој се уште со голема страст го води семејниот бизнис и покрај тоа што неговиот син е европска ѕвезда.

Скромното и културно момче првите фудбалски чекори ги направи во родниот град Скопје, а набргу следуваше голем трансфер во фудбалскиот клуб Фенербахче од Труција. Популарните тренери Сетко и Саљко беа првите ментори на македонскиот дијамант, а Елмас секогаш има пофални зборови за нив. Овој спорт, Елмас го научил во школата Форца, која е во сопственост на вардаровата легенда Јовче Џипунов, некогаш еден од најдобрите играчи од средниот ред на поранешна Југославија. Тимот кој подоцна го препозна талентот на Елмас и го зеде под своја закрила беше Работнички. Го донесе на 12 години, на инсистирање на Игор Ангеловски, тогаш клупски тренер, и идниот тренер, кој му ја овозможува шансата на Елиф во професионалниот фудбал. На само 16 години Елиф дебитираше во македонскиот клупски фудбал.

Како што одминуваше времето, Елмас растеше како играч. Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) му изгледаше (пре)лесна, иако тој беше само тинејџер. Во својата дебитантска сезона за Работнички, Елмас одигра 33 натпревари во кои постигна шест гола и додаде уште седум асистенции. Клубовите кои го бараа почнаа да го следат на големо. Иако имаше голем интерес и шпекулации дека ќе замине во Холандија, тој првиот свој договор го потпиша со турскиот Фенербахче, екипа која направи се за да го донесе во своите редови најдобриот млад играч на Македонија.

Елмас тивко пристигна на аеродромот во Истанбул. А тоа се случи по настапот на Европското првенство (ЕП) за играчи до 21 година во дресот на Македонија. Пречекот во турската престолнина не личеше на оние презентации на скапи ѕвезди кои ги чекаат илјадници фанови и стотици камери. Скромна изјава и тоа е тоа. Но, тој подоцна успеа да ги освои срцата на навивачите играјќи на теренот.

Интересен е фактот што македонската кошаркарска легенда, Перо Антиќ имаше голема улога во трансферот на Елиф Елмас во Фенербахче.

Поранешниот играч на нашата кошаркарска репрезентација, кој тогаш беше член на кошаркарскиот тим на Фенербахче од Истанбул, и во неколку наврати имаше улога на посредник во договорот на Елмас.

За Елиф Елмас многу се интересираше и турската репрезентација поради неговото потекло. Фатих Терим неколку пати се обиде да го стави во репрезентацијата, но нашиот дијамант остана доследен на своето – ја избра својата татковина, Македонија. Подоцна тој повторно доби сениорска шанса од Игор Ангеловски, кој овојпат беше во улога на тренер на репрезентацијата. Елмас со 17 години и осум месеци стана петтиот најмлад дебитант во историјата на Македонија, откако доби можност да настапи на натпреварот против Шпанија во квалификациите за СП 2018. Во својот прв настап беше директен ривал на Андрес Иниеста. Играше навистина храбро.

По две одлични сезони во турскиот фудбал, Елмас доби ново признание. Го бараа неколку европски клубови, главен преговарач беше неговиот агент Никола Ѓошевски, а по личен телефонски разговор со тренерската легенда, Карло Анчелоти, тој го избра Наполи. Фенербахче за Елмас доби сума од 16.000.000 евра, но сега според некои проценки нашиот дијамант има речиси тројно повисока цена.

Но што е најважно, тој гордо и со емоции ја пее химната, а кога игра за Македонија – го дава последниот атом на сила. Благодарение на добрите игри, младото и скромно момче од скопскиот асфалт стана миленик на својата нацијата. Но, најдоброто допрва доаѓа – Македонија има нов лидер за следната деценија. Ако се оди според планот.

Елиф Елмас полека но сигурно, ги надмина сите рекорди во сопственост на „бате Горан“, како што тој милува да го нарекува Пандев.

Ако Горан Пандев ја однесе нашата Македонија на Европско Првенство 2020, нека нашиот дијамант не однесе на Светско Првенство догодина!

Елиф Елмас, неодамна изјави – Сонот е Светско првенство во 2022 година во Катар !

– превземено од порталот: www.mozzartsport.com, напишано од дописникот за порталот Mozzart од Скопје, Мартин Танасковски.