ДОБРОТВОРНА ВЕЧЕР ЗА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО СТОКХОЛМ

0
20
Во организација на Дјурхолмс Ротари-клубот и компанијата „Land of Sun”, во просториите на Македонската амбасада во Стокхолм на 18 ноември 2021 година ќе се одржи добротворна вечер, со цел да се поддржат напорите за унапредување на здравјето на жените и за превенција на ракот на матката во Македонија.
Оваа убава иницијатива, замислена како придонес за подобрување на медицинските услови за заштита на здравјето на граѓаните во Македонија, секако заслужува пошироко внимание и поддршка.
За поуспешна реализација на овој пројект добродојдени се парични донации, што можете да ги уплатите на Djursholm Rotaryklubb, Swish 123 114 19 36, или на bankgiro
127-9116. При уплатата наведете наведете го вашето име и презиме, со порака до примателот: makedonsk kväll 18/11.
БЛАГОДАРИМЕ!