Ракометарите на Пелистер триумфално низ Атина

0
17

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Халкида забележаа победа над домашниот АЕК во меч од ЕХФ Европската лига.

Битолчани до бодовите во Грција стигнаа по триумфот со 30:27, разлика од три гола остварена уште на полувремето (13:16). Македонскиот претставник во првиот дел во два наврата имаше и +5 (4:9 и 11:16).

Пелистерци разликата ја одржуваа и во текот на второто полувреме, а на петнаесетина минути пред крајот водеа со највисоки 6 разлика (19:25). До крајот уште неколку пати беше +6 за Еурофарм Пелистер за рутински финиш и сигурна победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Јосип Периќ со 8 голови.

По три кола, Еурофарм Пелистер има 3 бода и во моментов е на 3. место во Д групата. АЕК остана на 4 бода за во моментов 2. место. Лидер е Спортинг со 4 бода и натпревар помалку.