Македонецот Павлов во финале на Светско првенство ќе се бори за злато

0
18

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов испиша историја на Светското првенство во Дубаи, откако се пласира во финалето во категоријата до 67 килограми, каде ривал ќе му биде неприкосновениот светски, олимписки и европски шампион Стивен Дакоста од Франција.

Претходно во полуфиналето македонскиот каратист Павлов го победи Унгарецот Марсиал Ивеш Тадиши благодарение на прв освоен поен со оглед на тоа што борбата заврши 3-3. До финалето македонскиот врвен каратист ги совлада Словакот Матеј Хомола, Узбекистанецот Садтидин Сајматов, Јорданецот Абдала Хамад и Египќанецот Али Елсави.

Инаку ова е прво учевство на Емил Павлов во категоријата до 67 килограми. Претходно тој доминираше тотално во категоријата до 60 килограми каде стана трикратен шампион.

Во финалето Емил ќе има многу тешка задача против најдобриот каратист на светот во оваа категорија, Французинот Дакоста кој веќе се закити со олимписко, европско и светско златно одличје.