ИЗБРАНО НОВО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО И НАДЗОРЕН ОДБОР НА МАКЕДОНСКО-ХРВАТСКОТО ДРУШТВО 

0
55

Почитувајќи ги ковид протоколите во Тетово членовите на МХД-во имаа прилика да изберат свое водство. Избраните 9 членови на претседателството на следната седница од своите редови ќе бираат Претседател , заменик Претседател , секретар и благајник.

Македонско-хрватското друштво (МХД) во Тетово на ден 13 ноември 2021 година одржа редовно изборно собрание на кое се избрани членови на претседателството и надзорниот одбор. Во отворениот дел на присутните се обратија:Г-ѓа Нивес Тигањ, Г-н Биљаљ Касами градоначалник на Тетово, Г-н Даријан Сотировски Директор  за односите со верските заедници , Г-н Слободан Близнаковски – Директор на Агенцијата за иселеништво, Г-н Бранислав Светозаревиќ доктор по исторски науки – историчар, Горан Видачек оснивач и Претседател на МХД-во.

За членови на претседателството се избрани: Недељко Ромац, Горан Видачек, Илија Илиевски, Славица Дабевска Кировска,Нена Хлоупек , Дарко Корчула Јовановски, Тони Здравковски, Дарко Обадиќ и Лидија Цвитановиќ Илиевска. За членови на надзорниот одбор се избрани: Томо Шензел, Владимир Копривњак и Сречко Мишковски.

Во работниот дел е поднесен извештај за досегашната работа за работата на претседателството и при тоа е прихватен програм за работа за 2022 година.