Интервју со пар од Америка: „Македонците се гостопримливи, не можеме да се наситиме од ајвар и пастрмајлија“

0
22

Одри вели дека најмногу ѝ се допаѓа Битола, додека Хари го означува Прилеп како свој омилен град во Македонија, таа сака макала, а тој ајвар, а и двајцата велат дека кај Македонците најмногу им се допаѓа гостопримството, кое почнале да го практикуваат и тие, па сега сите ги служат со шопска салата, ракија и богата трпеза – 41-годишни американски блогери за CRNOBELO.com откриваат како е да се патува низ светот и какви им се импресиите од Македонија.

Со слободата како животна филозофија, вљубеници во патувањата и откривањето нови дестинации, Одри и Хари од Чикаго пред седум години го продале својот дом, дале отказ на работа и оттогаш посетиле 69 држави.

Блогерството и патувањата станале нова професија на Одри која претходно работела како логопед и Хари кој бил менаџер во областа на сметководството.

Овие модерни номади и блогери ја посетија Македонија, а велат дека е земја на виното и она што најмногу милуваат да го прават тука е да уживаат во погледот на Повардарието со чаша вино во рака.

За CRNOBELO.com овие 41-годишни патувачи раскажуваат за желбата за патување и нивниот живот како блогери, а откриваат и што најмногу им се допаѓа во Македонија…
Како се одлучивте да се откажете од сѐ и да почнете да патувате низ светот?
Во 2013 година Одри почна да следи на социјалните мрежи пар кој патуваше низ светот.

Со текот на времето почна да се прашува себеси „Зошто и ние не би можеле да го правиме ова?“… 9 месеци подоцна го почнавме првото патување.

Повеќето од колегите на Хари беа во 50-тите и 60-тите години и веќе изгледаа изморени и кршливи, познававме многу луѓе кои починаа на млади години, па сфативме дека дека животот е премногу краток и непредвидлив за да чекаме да ги живееме нашите соништа.

За пример, за многумина Мачу Пикчу е дестинација од соништата. Но, со надморската височина и целата логистика околу стигнувањето до таму и стрмните скалила, тоа е место кое е тешко за посетување, дури и за младите.

За време на нашатата посета видовме многу постари туристи кои имаа мачина поради надморската височина. А тоа беше тажна слика, бидејќи повеќето од нив чекале цел живот за да го посетат, а сега воопшто не ни можеа да уживаат.

Колку земји имате посетено досега и дали имате омилена?
Досега имаме посетено 69 држави. Немаме омилена држава, но имаме омилени места во секоја држава која ја имаме посетено.

На пример, на Балканот, во Грција посебно ни се допадна Санторини, Ксамил во Албанија, Макарска во Хрватска и Свети Стефан во Црна Гора.

Во Македонија обожаваме да го посетуваме винскиот регион на Повардарието каде можеме многу добро да јадеме и пиеме во средина која потсетува на микс од долината Напа и Боис, Ајдахо.

Во Скопје најчесто сме во близина на Градскиот парк, сакаме да пешачиме и тренираме на кејот на реката и да ги посетуваме одличните ресторани навечер.

За време на нашета последна посета го истажувавме источниот дел на Македонија, за кој секогаш велевме дека мора да го посетиме, но немавме време. Бевме воодушевени од Камените кукли на Куклица и Кокино.

Која беше вашиот прв впечаток за Македонија и кое вашето мислење сега, откако подобро ја запознавте?
Стигнавме на аеродромот „Александар Велики“ доцна во ноќта, па затоа нашиот прв впечаток за Македонија се случи во Скопје.

Патувачи ни го имаа опишано Скопје како уникатно, чудно и како никое друго место кое го имаат посетено, па затоа беа заинтригирани да го истражиме самите лично.

Не сметаме дека цената на новата архитектура во Скопје е преголема, но сметаме дека создава интересна атмосфера.

На некој начин нѐ потсети на она што хотелите во Лас Вегас го прават за да привлечат туристи. Еден од нашите омилени ресторани во Скопје е Сенигалија.

Вечерањето на закотвен брод додека уживаме во свежите речни ветриња со поглед на градот е забавна аномалија.

Но, после толку месеци во Македонија, сфативме дека она што секогаш нѐ враќа назад се нејзините природни убавини.

Оваа година бевме благословени да поминеме некое време во помалите градови како Штип и Македонски Брод и сега ни се едни од омилените градови во Македонија.

Колку пати ја имате посетено Македонија?
Ова ни е трета посета. Ја посетивме во 2017, па во 2019 и сега во 2021.

Повеќето од туристите ги посетуваат Скопје и Охрид, но вие го имате посетено речиси секој град, па кој ви е омилен и зошто?
Без разлика дали градот е голем или мал, скоро за секое место на светот има нешто што е уникатно само за него. Некои од нашите најдобри патување беа сосема спонтани. Тргнавме без водич и без претходно испланирана рута, едноставно да видиме каде денот ќе нѐ однесе.

На Одри омилен ѝ е Битола, а на Хари – Прилеп. Во Македонија има по нешто за секој, треба само да го најдете.

Вашето мислење за македонската кујна, што ви се допаѓа, а што не и што ви беше чудно и нетипично?
За време на нашето трето патување во Македонија, конечно пробавме полжави за првпат. Беа гриловани и со балсамиран оцет.

Има вкус на јаткасти плодови, што е прилично интересно. Би сакале да пробаме полжави и на друго место за да можеме да направиме компарација со нашето прво искуство.

Во поглед на она што ни се допаѓа, не можеме да се наситиме од пастрмка, свинска пастрмајлија со лути пиперки и кајмак, печени пиперки и чорба.

Но, речиси е невозможно да станаме толку рано за да јадеме. Дали може служењето на чорба да се продолжи до шест часот навечер?

Одри повеќе сака макало, додека Хари е по ајварот. И секако, сакаме сѐ што има сирење, и секако секое јадење мора да е комплетирано со македонско кафе или ракија, во зависнот од денот.

Која е Вашета омилена активност во Македонија?
Нашето омилено нешто во Македонија е пиењето вино, бидејќи за нас, Македонија е земја на виното. Нема ништо подобро од уживање со чаша црвено вино, добра храна и поглед на прекрасните планини и лозја.

Наше мислење е дека Македонија како земја на виното е значително потценета бидејќи тоа што го има лесно може да се спореди со долината Напа и Тосканија.

Дали мислите дека Македонија е потценета како европска туристичка дестинација?

Да, но, патувањето по кривулестите патишта од град до град е напорно со меѓуградски превоз. За вистински да ја истражите државата потребен е автомобил, и рент-а-кар услигите во Македонија се навистина скапи.

За пример, изнајмувањето на автомобил обично чини од 35 до 50 долари, додека во Хрватска може да се изнајми автомобил за сам пет долари дневно.

Не знаеме зошто цената на изнајмените автомобили е толку висока, но веруваме дека доколку таа би била пониска, би дошле многу повеќе туристи, кои покрај познатите дестинации, би ги посетиле и малите села и градови до кои водат лоши патишта.

Кажете ми малку повеќе за вашето најдобро искуство во мојата земја?
Нашите најдобри искуства се кога локалците ќе нѐ контактираат и навистината прават сѐ за да ни го покажат нивното родно место.

Навистина е забавно кога се запознаат луѓе со голема страст за нивната земја или град и навистина се трудат и ние да го доживееме во најдобро светло.

Што научивте од посетите на Македонија?
Дали знаеш што се подобри после нашите посети во Македонија? – Нашата гостопримливост.

Во 2019 кога се вративме во САД да го посетиме нашето семејство во Чикаго искориствме многу од вештините на гостопримство кои ги научивме од Македонците.

За вечера, јас и Хари за нашето семејство подготвивме голема порција на месо и печен зелечук, ајвар со свеж леб и шопска салата, односно го повторивме тоа што го јадевме со нашите пријатели во Македонија.

Дополнително, го охрабривме нашето семејство да седне, да се опушти и да уживаме на масата сите заедно.

Исто така купивме македонско вино за нив за да пробаат. Севкупно, беше забавно да им се претстави балканската кујна и традиции на нашето семејство.

Што мислите за Македонците?
Она по што се разликуваат Македонците од останатите балкански народи е нивната гостопримливост. Луѓе постојано нѐ покануваат да ја пробаме нивната домашна ракија или зеленчуци од нивните градини.

Ние постојано велиме дека има нешто специјално во македонската почва. Овошјето, зеленчукот и виното имаат вкус како да ги пробувате за првпат во животот и тоа баш таков вкус треба тие да имаат. Особено доматите!

Ја сакаме страста која ја имаат Македонците кога сакаат да го споделат со нас нивниот омилен ресторан или дестинација. На база на тие совети ние посетивме прекрасни скриени катчиња кои беа многу далеку од нашата типично туристичка рута.

Исто така откривме дека Македонците се навистна големи патриоти во поглед на историјата и културата за земјата. Ние тоа посебно го почитуваме.

Дали присвоивте некои од македонските традиции или навики?
Скоро секој ден ни почнува со македонско кафе. Кога одиме на вечера, секој наш оброк почнува со ракија. Бидејќи многу локали служат домашна ракија, навистина уживаме да ги вкусуваме разликите во јачината и вкусот на секој производител.

Друг аспект на македонскиот живот кој го практикуваме е што одиме надвор колку што можеме, да прошетаме на зајдисонце долж реката или центарот, во зависнот кој град го посетуваме.

Кои се предностите од патувачи со полно работно време, а кое се недостатоците, ако воопшто ги има?
Животот не стагнира. Нам често ни е досадно. Убавината во патувањето без имање на корења во некој град е што секогаш кога ќе посакаш можеш да заминеш и да почнеш од почеток.

Па, додека многу луѓе мора да се соочуваат со лоши соседи, одружување на домот и активно учество во општеството, ние не мораме.

Сите овие места кои ги посетуваме низ светот не се наш дом. Ние не сме инвестирале во овие заедници.

На пример, ако видиме како некој фрла отпад на улица, ќе ни смета, но во исто време ќе си речеме на самите дека тоа не е наша заедница.

Ако локалците сакаат да живеат опколени со отпад, тогаш тоа е нивна привилегија. За нас, тоа искуство е само повремено.

Секако, понекаш може да изнајмиме стан за еден месец и да имаме напорни соседи или да има гласна конструкција во близина, но тоа е само краткотрајно.

Секогаш има светло на крајот од тунелот. Барем имаше пред почетокот на пандемијата.

Искрено, недостатоците се што не можеме да ги видиме нашите внуки и внуци кои растат толку брзо дома во Америка. Исто така, пандемијата навистина ни го отежна нашиот номадски стил на живот.

Како светската пандемија влијаеше на вашиот живот како патувачи?
Целата наша егзисетнција и животна филозофија се темели на слободата, слободна волја и слободна на избор која вклучува и слобода на движење.

Но, затворањето на светот и на границите имаше големо влијание на патувачкото блогерство. Исто така пандемијата ја уништи целата забава и спонтаноста на патувањата.

Пред пандемијата, нашите најголеми грижи беа да се најде сместување во рамки на нашиот буџет и како да стигнеме од точка А до точка Б.

Сега е постојна битка да се запазат сите правила на секоја држава за влез во истата, многу барања, процедури, гранични и пасошки контроли. И да не споменам, колку само држави не ни дозволуваат да влеземе поради забраната на американски државјани.

Дополнително, да напоменеме и како маските влијаеја на глобалното патување. Како странци, кои не го зборуваат локалниот јазик, нашата комуникација се сведува на невербална.

Но, кога луѓето носат маски не можат да се видат фацијалните изрази. На пример, никој не може да виде кога срдечно му се насмевнувате. А тоа ги прави сите меѓучовеки односи многу бесчусвствителни, роботски и залудни.

Кога посетуваме локации каде е задолжително носењето на маски веднаш се забележува пад на моралот, луѓето не се толку енергични и друштвени, туку се вознемирени и повлчени, посебно оние кои ја носат маската над носот.

Ако треба да зборуваме со некој, секогаш го одбираме оној кој ја носи маската само околу устата и брадата.

На пример, во маркет, ако има две касиерки, една со маска на носот, а една на брадата, ја избираме втората иако линијата е подолга, бидејќи за нас како странци, комуникацијата ќе биде помалку застрашувачка.

Каде се гледате во иднина? Дали во татковината или во некоја друга земја?
Ако пандемијата продолжи и повторно има карантини, тогаш ќе биде приморани да се вратиме назад во Америка. Како патувачи, имаме eleutheromania, манијачка потреба од слобода, и поради тоа само една држава ни паѓа на ум: Флорида!