Промоција на книга во МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто

0
256

Во недела 14 ноември 2021 година, Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто организира промоција на монографијата „Семејството Видиновски“ и делото „Македонците во светот“ од авторот Славе Катин . Оваа кулурна манифестација ќе ја отвори Маја Доневска-Ивановска, претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто За монографијата „Семејството Видиновски“ ќе зборува Соња Лозановска, познат естраден уметник и главен и одговорен уредник на весникот “Македонија” од Торонто, а за делото „Македонците во светот“ ќе го претстави Драгица Димовска уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“ од Торонто. Добродојдени се сите љубители на пишаниот збор.