Промоција на изданија на Институтот за македонска литература

0
16

Скопје,

– Во малата сала на Македонскиот народен театар вечер (19:00) ќе бидат промовирани изданија на Институтот за македонска литература, годинашен добитник на високото признание, наградата 13 Ноември на град Скопје.

Ќе бидат промовирани четири изданија на Институтот, кој неодамна го прослави својот јубилеј, 40 години од своето постоење. Станува збор за научните дела „За песните и приказните“ од Наташа Аврамовска, „Магичен реализам: нова објективизација на стварноста“ од Јасмина Мојсиева-Гушева, „Античката литература во македонската културна средина (културно-општествени и преводни аспекти)“ од Дарин Ангеловски и „Од Прличев до Конески“ од Славчо Ковилоски.

За особеностите и вредностите на овие книги промотивни излагања ќе имаат Лорета Георгиевска Јаковлева, Соња Стојменска-Елзесер, Елена Џукеска и Марина Цветаноска, а модератор на средбата ќе биде Елена Кузманов.