Најава за прослава на Божик во Далас – Тексас

0
225

Драги пријатели,

Со голема чест и огромна радост во срцето ви објавувам радосна вест дека во организација на Одборот на МПЦ „Раѓање на Пресвета Богородица“, од Далас, Тексас, во состав Соња Мариќ, Васко Силјановски, Трајко Папучковски и Златко Зафиров со Божја помош и милост, со благослов од Неговото Преосвештенство Владиката Г. Методиј и огромна помош и поддршка од Архиерејскиот Заменик Отец Синиша Ристовски на:

  • 7 Јануари 2022 – РОЖДЕНСТВО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС – БОЖИК
  • 8 Јануари 2022 – ВТОР ДЕН БОЖИК – СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

ЌЕ СЕ ОДРЖАТ СВЕТИ БОЖЕСТВЕНИ ЛИТУРГИИ – (за првпат во нашата црква).

По тој повод ќе ни биде испратено свештеното лице Деан Георчески од Американско канадската Епархија, кој ќе ги одржи двете литургии и ќе нѐ охрабри и воедно поддржи во нашата верба и понатамошни чекори за конечно и ние да добиеме црква – објект во Далас, Тексас.

Затоа, ве покануваме сите во Далас, Хјустон, Сан Антонио, Остин и останатите кои живеете ширум Америка да се собереме во што поголем број и за прв пат да го прославиме Христовото Раѓање заедно, во духот на нашата вера и традиција. Вашето присуство и поддршка ни се потребни повеќе од кога и да било досега, за заедно да ги премостиме и изодиме првите чекори кон тоа заедничкиот сон еден ден да стане реалност – МПЦ во Тексас.

Локацијата ќе ја објавиме дополнително и на време. Вложуваме напори да најдеме пристојно место како што прилега на пригодата. Сите ќе бидете благовремено известени.

За многу кратко време постигнавме многу. Само со трпение, со надеж и љубов и верба во Господ ќе постигнеме уште повеќе. Сплотени и сите заедно да си ја помогнеме црквата, за еден ден и ние да имаме наш Божји храм, каде ќе ги венчаваме нашите деца, крштеваме нашите внуци и каде ќа ја негуваме нашата религија и традиција, пренесувајќи ја на помладите поколенија.

Повелете, со лајк и коментари искажете ни ја вашата заинтересираност.

Сите кои не живеете во DWF областа, повелете, добредојдени сте да го посетите Далас за Божик и да ни овозможите да се покажеме како домаќини.

Господ да ве благослови сите.

Соња Мариќ