Одржано Годишно собрание на Македонскиот Национален Совет во Швајцарија

0
194
Годишно собрание на Македонскиот Национален Совет
Во срдечна и мошне пријатна атмосфера, членовите на Македонскиот Национален Совет од Швајцарија во близина на Берн, го одржа своето редовно годишно собрание.
Здружението постои веќе две години и ги опфаќа сите оние заинтересирани македонски клубови ,здруженија и поединци кои сакат да ги координираат своите активности во ова алпска држава.
Промоција на македонскиот културен и национален идентитет , јазик, интегрирање и создавање на солидни врски со татковината, се едни од примарните цели.
Се анализираа повеќето од зацртаните позитивни активности, како и оние кои сеуште не се реализирани и целосно завршени.
Во контекст на воозобновување на работното тело на МНС, како што е и предвидено после секој двегодишен мандат, се закажа нова средба за 6 февруари , 2022, 12ч30( Тринген- Македонска Црква) каде ќе се изберат нови преставници.
Се охрабруваат сите оние кои се чувствуваат спремни и одговорни за заземање на раководни места во здружението, да ги достават своите кандидатури до тој период .
Избор на претседател , благајник, секретар ,координатори во разни области- култура , интеграција, економија, маркетинг…
Сите потребни информации за критериумите и условите ќе бидат навремено испратени до клубовите и здруженијата.
Со почит,
Стручен тим
Македонски Национален Совет