Македонска сликарка која живее и твори во Франција има изложби на сите континенти

0
226
Покрај странските сликари во Македонија во периодот 1850-1950, ги истражувам и заборавените македонски сликари кои се одселиле во странство и таму изградиле успешна кариера. Една таква сликарка е Сузана Пејоска, родена во 1963 година во Радожда на Охридското Езеро. На 3 годишна возраст нејзиното семејство се сели во Франција. Практично Сузана е порасната и сѐуште живее во Франција заедно со францускиот сликар Pierre-Marie Corbel. Но не сѝ ги заборава своите македонски корени. Напротив, во нејзините дела доминираат елементи од македонски народни носии и килими.
Започнува да слика од својата 19та година. Самоука е но успева да развие свој уникатен апстрактен стил. Ликовните критичари ги споредуваат нејзините дела со оние на австрискиот сликар Густав Климт. Започнува со изложби во 1985 година во Франција, и од тогаш имала изложби во Лондон, Ибица, Минхен, Тулуз, Париз, Нингбо Музејот во Кина, Дортмунд, Њујорк, Дубаи, Торино, итн.
Нејзините слики се во перманентна поставка во галеријата Vivianne art Galerie во Париз и галеријата Karoline Lau во Минхен.
Би било убаво да се донесат нејзините слики и во #Македонија еден ден.