Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

0
363
Вчера од печат излезе книгата „За македонскиот јазик“ од Блаже Конески. Книгата претставува избор на текстови од Конески и ја додадовме статијата Неколку зборови за македонскиот литературен јазик од Мисирков. Крајот од книгата содржи фотографии од првите изданија на Граматиката и Историјата на македонскиот јазик, Решението за донесување на македонската азбука, првиот Правопис и корицата од „За македонските работи“ од Мисирков.
Книгата излегува во реномираната едиција Opera Slavica Budapestinensia во Linguae Slavicae на Универзитетот ЕЛТЕ.
Изборот на текстови е на м-р Златко Панзов, преводот на унгарски на Анамарија Цинеге-Панзова.
Книгата ќе има промоција на 09.11.2021(вторник) во 17 часот во библиотеката на Катедрата за славистика.
Промотор д-р Звонко Танески, Универзитет Јан Коменски, Братислава
На тој начин ќе биде одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта.
Изработивме и рекламен материјал, тефтери, пенкала, плакати.
Настанот го реализираат Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Здружението на Унгарци на Македонија-Теледом, Скопје, Катедрата за славистика на Институтот за славистика и балтичка филологија, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.