Продолжен рокот за поднесување на пријавите на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес

0
115

Продолжен рокот за поднесување на пријавите на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година
Министерството за култура, со Одлука бр. 08-12751/1, го продолжува рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година, соопшти министерката за култура Ирена Стефоска на својот фејсбук профил.

Рокот за електронско поднесување на пријавите се продолжува до 11.11.2021 година, до 12:00 часот.
Продолжувањето на рокот е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа зашто електронското поднесување на пријавите за сите нас е ново искуство и целиот процес мора да биде беспрекорно изведен.
Имено, Министерството за култура од годинава за првпат воведе електронска апликација за конкурирање. Пред распишувањето на Годишните конкурси беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државава и во Скопје. Од почетокот на Конкурсот, за техничка поддршка се отворени двe телефонски линии на кои корисниците ги добиваат потребните информации, а консултации се вршат и преку електронската пошта по одделни дејности.