Катар, ОАЕ и Оман ја предводат градежната експанзија на Блискиот Исток во последната деценија. Велешкиот инженер сега е главен проект-инженер за техничкиот оддел за дизајн на металните конструкции на новиот проект Ројал Атлантис во Дубаи, кој вреди 1,4 милијарда долари
Кога на човек ќе му се укаже можност да биде дел од историјата и да учествува во создавање грандиозен меѓународен проект, тоа едноставно не се пропушта. Ова е првата мисла што му поминала низ главата на велешанецот Зоран Матев, машински инженер кој сега живее и твори на Блискиот Исток, односно во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
Матев ја имал честа да работи во проектирањето и изведбата на металните конструкции на неколку грандиозни проекти во ОАЕ, Оман и Катар, како што се националните аеродроми и еден од фудбалските стадиони што ќе бидат домаќини на Светското фудбалско првенство идната година во Катар.
Превземено од : fakulteti.mk