Формиран македонски рагби клуб во Австралија

0
204
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРАЛИЈА
ФОРМИРАН МАКЕДОНСКИ РАГБИ ТИМ ВО АВСТРАЛИЈА ПО ИНИЦИЈАТИВА НА БИЗНИСМЕНОТ ОЛИВЕР ЈОСЕСКИ, СО АМБИЦИИ ЗА УЧЕСТВО НА СВЕТСКИОТ КУП ВО РАГБИ ВО 2025 ГОДИНА
31 октомври 2021 година, Мелбурн, Австралија – Македонците во Австралија се обединија во нов проект , македонски рагби тим на челот со бизнисменот Оливер Јосески.
Со ангажман и посветеност на неколку Македонци во Австралија, веќе е формиран меѓународен рагби тим менториран од тренерот на НРЛ, Шејн Фланаган, заедно со поранешниот капитен на Нов Јужен Велс, Пол Гален.
Формирањето на македонскиот рагби тим во Австралија го иницираше бизнисменот Оливер Јосески на средба во кугларскиот клуб Тарен Поинт.
Во управата на Македонскиот рагби тим се менаџерот на тимот Кејн Јанакиевски, извршниот директор Оливер Јосески, претседателот Питер Ристевски и претседателот Марк Леви.
Голем број македонски рагби играчи веќе изразиле интерес да бидат дел од тимот, вклучувајќи и двајца играчи кои се натпреваруваат во Канада – ветеранот на рагби лигата на Њукасл, Рајан Петро и играчот на Вестерн Субербс Магис, Џејмс Мирчески.
Постојат надежи за регрутирање и на младите и талентирани рагби играчи Пантер Пол Момировски и Џејден Саливан кој има македонско потекло.
Македонскиот рагби тим во Австралија има амбиции да настапи на Светскиот куп во рагби во 2025 година. Учество во квалификациите ќе обезбеди со евентуален успех на престојното Европско првенство.
Според основачот на тимот Оливер Јосески, рагби лигата има посебно место за Македонците. На прашањето зошто рагби лигата е посебна, Оливер Јосески вели: “Поради односите и другарството, рагби лигата гради животни пријателства.“
Светскиот Македонски Конгрес го честита формирањето на Македонскиот рагби тим во Австралија и посакува успех на Светскиот куп во рагби во 2025 година! Светскиот Македонски Конгрес ја поздравува иницијативата на бизнисменот Оливер Јосески и управата на Македонскиот рагби тим! За многаја лета!