Дизајнирани патики од вештите раце на Македонец станаа светски хит – ги носат и НБА играчите

0
455

Горди сме! „Знаете ли дека во Скопје живее еден Сатја Грабулоски кој со својот бренд SWithaDot рачно црта уникатни oneofakind патики за светски ѕвезди? Патики со негов дизајн вчера се носеа на НБА натпревар“ – гласи виралниот твит.

Сатја Грабулоски стои зад брендот за дизајнирани патики SwithADot. Oд вештите раце на овој Македонец се креирани неверојатни дизајни кои го воодушевија светот, а кои ги носат и славните НБА играчи.

Тој црта уникатни дела, а на Инстаграм профилот на брендот има повеќе од 131.000 следбеници.

Некои од патиките се изработка на неговиот бренд, додека други се во соработка со некои од светските брендови.

Деновиве вирално се споделува информација од Твитер:

„Знаете ли дека во Скопје живее еден Сатја Грабулоски кој со својот бренд SWithaDot рачно црта уникатни oneofakind патики за светски ѕвезди? Патики со негов дизајн вчера се носеа на НБА натпревар. Ете, само сакав да споделам.“