Неодамна во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат на англиски јазик најновото прозно дело „ Labyrinth of Truth “ – „Лавиринт на вистината“ на поетесата и писателка Оливера Јовановска од Мелбурн, Австралија. Ова прозно дело беше објавено на македонски јазик во јули ова година и поради големата заинтересираност и кавалитетот на романот, авторката одлучи романот да го објави и на англиски јазик за пошироката читателска публика. Рецензент на романот е писателот Александар Донски.
Резенцентот Донски ќе забележи дека романот првенец на Оливера Јовановска „Лавиринт на вистината“ „претставува интересно четиво во кое дефилираат различни карактери кои во различни животни периоди се составен дел од околината на централниот лик на романот Ели. Авторката на овој роман успешно ги обработила и претставила карактерните особини и психолошкиот профил на најважните експоненти во делото преку убедливо обработените меѓусебни сложени интеракции. Користи шеги, интриги, стари, поучни поуки, создава и оживува сцени, измислува места на дејства кои пластично ги елаборира за да биде романот интересен и занимлив за читателот“.
Целото дејствие на романот се врти околу ликот на главниот јунак, Ели, кој се следи уште од најраното детство, па сѐ до возраста кога постанала мајка на три сина, и до моментот кога ја запознава висинската љубов од нејзиниот живот. Ели е дете на разведени родители. Кога бракот се распаднува, двајцата парнери патат секој на свој начин, но децата патат повеќе – не добиваат подеднаква љубов од двајцата родители и поради тоа чувствуваат празнина не само во својата душевна наградба туку и од празнината која ја носат секојдневно со себе: на училиште, кога играат со другарчината, кога играат спорт, ја доживуваат првата љубов… Ели пати за мајчина нежност, иако до некаде ја добива од својата маќеа, но секако за неа тоа не е доволно и затоа се создава емотивна празнина што ја прави ранлива, што ја следи низ нејзиниот живот. Таа празнина се пополнува, во случајот со Ели, од нејзината баба Косана, која постојано ја учи на вредностите од христијанската вера и ја советува со старински мудрост, кои подоцна ќе и помогнат како возрасна личност. Но и соседите имаат улога да ја заштитуваат како и нејзините другарки емоцијално да бидат со неа.