Македонец во борба за светска титула

0
22
МАКЕДОНЕЦОТ ДАНИЕЛ СТЕФАНОВСКИ ГО ПОБЕДИ МАРОКАНЕЦОТ МАРУНИ И ОБЕЗБЕДИ БОРБА ЗА СВЕТСКА ТИТУЛА!
2 ноември 2021 година, Дубаи, Обединети Арапски Емирати – Македонецот Даниел Стефановски го победи Мароканецот Таха Алами Маруни на настапот во Суперкомбат во Дубаи и обезбеди борба за светската титула.
Стефановски го доби Маруни со судиска одлука 3:0. Станува збор за еден од најсилните противници со кој се соочил Стефановски, меѓутоа добрата тактика му донесе победа.
Датумот на борбата за светската титула се’ уште не се знае.