Празнична изложба на книги во градската библиотека во Битола

0
144

– НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ синоќа промовира изложба на книги посветена на празникот на градот, денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември.

Во фоајето на библиотеката изложени се монографии за Битола, збирка „Битола низ вековите“, публикација „Битола Бабам Битола“, книга посветена на училиштата во Битола со посебен осврт до 1945 година, како и неколку томови книги за Битола и Битолско во народноослободителната војна.

Уредувачкиот одбор на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ одлучи годинава да помести и книги од битолски автори, како и книги поврзани со работата на јавни установи и институции во градот како што се битолскиот театар, УНК „Илинденски денови“, монографија за Радио Битола чиј автор е новинарот Димче Миновски, како и книгата за битолските занаети и еснафи, чиј автор е Милош Хр. Константинов, издание на Македонско научно друштво-Битола од 1961 година.