„Нашиот познат и почитуван ансамбл за фолклорни игри „Слобода“ ќе ја направи горда целата наша македонска заедница со уште едно учество на еден од најголемите годишни настани на заедницата, Мултикултурниот фестивал СА, во недела на 14 ноември 2021 година, на плоштадот Викторија. Ве молиме погледнете ја приложената програма за детали за овој спектакуларен настан што не треба да се пропушти за сите Јужноавстралијци. Да напоменеме дека АМФЕ „Слобода“ ќе настапи во 13.45 часот. Ги охрабруваме сите Македонци да присуствуваат на настанот и да му дадат поддршка на нашиот прекрасен Ансамбл!