ДЕН ЗА ДУХОВНА РАДОСТ, ПАМТЕЊЕ И БЛАГОДАРЕЊЕ, ИСТОРИСКИ ДЕН!
Црковниот одбор на МПЦО “Св. Злата Мегленска”-Загреб, Република Хрватска, му благодари на нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополитот Европски г. Пимен за татковската љубов и одслужената прва света архиерејска литургија во нашата прва Македонска православна црква во Загреб, Р.Хрватска, на Неговото Високопреосвестенство Митрополитот Тетовско – гостиварски г.Јосиф, што помина толку километри да ни ја зголеми радоста, со својата придружба, протојерејот Марјанчо Мадевски и протојерејот Трпе Богојески. Благодарност до протојерејот Митко Газинковски и отец Дејан Миловски што притекнаа од Р.Словенија да се помолиме заедно. Упатуваме искрени честитки до новоракоположениот ѓакон Дејан Белчовски и му посакуваме многу успеси на нивата Господова, искрени честитки до отецот Кристијан со благопожелби за уште по ревносно служење и помагање во црквата. Благодарност до сите, без разлика на кој и каков начин се вклучија во изградбата на храмот, пејачите, дарителите, украсителите, помагачите… и најмногу благодарност за застапништвото на Света Злата и милоста на Бога.
Света Злато моли се за нас!
дома Иселенички Страни Европа Одржана првата света архиерејска литургија во МПЦ „Света Злата Мегленска“ во Загреб