Настава по македонски јазик во Св.Петка Чикаго

0
249

Драги родители и дечиња, кои го посетувате Македонското Црковно Училиште ве известуваме дека, започнатиот проект во Црковната Заедница при храмот посветен на Св. Параскева Петка – Чикаго е БЕСПЛАТЕН. Како Македонска Црква и Заедница, која си ги Чува, Негува, Почитува, и Љуби, својата Вера, Јазик, Идентитет, Предци, Култура и Мајка Македонија. Имаме обврска и аманет од своите предци учители и просветители, тоа да го искажуваме и афирмираме преку овој проект. Кој се надеваме со Божја помош и закрила, ќе вроди со плод кај новите поколенија, кои се во дијаспората. За да си ги изучат своите Македонски корени, вера и култура на Кириличното Писмо напишано од нашите просветители и учители Светите браќа Кирил и Методиј.