Сениорската женска фудбалска репрезентација ја прокнижи првата победа во квалификацискиот циклус за Светското првенство и тоа против Летонија која ја совлада на нејзин терен во Рига со 4-1.
Најголем удел во овој триумф имаше капитенот Наташа Андонова со два погодоци и тоа двата беа од прекин. Едниот беше од пенал во 63 минута, но овој првиот во 28 беше вистинска мајсторија затоа што дојде директно од корнер.
Фудбалерката на Леванте испрати топка од аголот директно во мрежата на Летонките, гол со кој потсети на ремек делото на легендарниот Артим Шаќири против Англија.