СРЕЌЕН 26-ти РОДЕНДЕН МКД „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ Осиек

0
259

Благодарност до првиот претседател Благоја Јовановски, проф. по македонски јазик, кој во далечната 1994 год. на 22-ри октомври, не пронајде и собра нас Македонците од Осиек и околината и заедно со другите пријатели и заинтересирани сограѓани ни го покажа патот кој го трасирале браќата Миладиновци од Струга и осиечко/ѓаковачкиот бискуп Ј.Ј.Штросмаер. Патот на соработка, негување на македонскиот идентитет, јазик и писмо, македонската историја и култура во целост, сето тоа проткаено со отвореност кон другите, различните во градот на Драва и Славонската рамница во Хрватска. Полни 22 години (до 2005 год) предаваше македонски јазик на тогашниот Педагошки факултет. За жал, тој прерано не напушти, но посеаното семе го размножија вредните членови на неговото Македонско културно друштво и родија многу плодови кои се запишани во книгите и пофалени во многуте признанија. Вечна му слава и фала  ЗА МНОГУ ГОДИНИ СТРУШКО/ОСИЕЧКИ МИЛАДИНОВЦИ!!!