Ѓоргиев ќе се бори за злато на СП во Италија

0
40

Најдобриот македонски кик-боксер, Димитар Ѓоргиев, обезбеди најмалку бронза на Светското првенство во Џесоло Лидо, Италија.

Ѓоргиев во првото коло го совлада домашниот натпреварувач Давид Дано со 3-0, а во чевртфиналето со идентичен резултат го совлада Милош Даковиќ од Србија. Со тоа ќе добие најмалку бронза, а за подобар пласма, злато или сребро, ќе се бори против бугарскиот репрезентативец Никола Николов.